• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во Заводот за кардиологија ќе се пренаменат болнички кревети за лекување на болни од ковид 19

Во Заводот за кардиологија ќе се пренаменат болнички кревети за лекување на болни од ковид 19

 Ова денес го најави министерот за здравство по зголемениот број на новозаболени од ковид 19 во Охрид и земјава и пополнување на расположливите болнички капацитети. Нема слободни кревети за лекување на Инфективната клиника и модуларната болница во Скопје по што министерството за здравство направи план за реорганизација на нови болнички капцитети во внатрешноста, но и  на   Клинички Центар.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот Завод за кардиологија ќе прима на лекување ковид пациенти, ова денес го најави Венко Филипче, министерот за здравство. Секојдневниот зголемен број на новозаболени лица од ковид 19 ги наполни болничките капацитети предвидени за лекување од ковид 19 во Охрид и земјава. Министерсвото за здравство со оглед на сериозната епидемиолошка состојба во земјава, кога од ден на ден расте бројот на новозарзени пациенти, денес најави активирање на сите расположливи болнички капацитети на Скопските Клиники, но и во внатрешноста каде што ќе се лекуваат болни од ковид 19.

„Таму каде што во градовите се целосно исполнети капацитети или се соработува по претходна координација и пациенти се испрќаат во соседните градови или во Скопје. Во Охрид се обезбедени дополнителни количини во Кардиолошкиот центар тоа се 100-тина нови кревети , потоа во Струмица во новото болничко крило има 100 кревети, повеќе оддели во Кавадарци, Гостивар и во Тетово. Планот е да се заземаат одделенија од други специјалности и оддели за да се сместат ковид пациенти каде што има на располагање кадар“.

 Доктор Милена Стефановиќ, директор на Инфективната клиника во Скопје, кажа дека времетраењето на процесот на лекување зависи од индивидуалната клиничка слика на секој пациент заболен од Ковид 19. Исклучително рационално се користи секој еден кревет на клиниката, вклучувајќи ја и модуларната болница, истакна Стевановиќ.

„Прецизно не може да се каже колку време еден пациент ќе се лекува. Сите ние сме различни, но во просек 16 дена се лекува средно- тешка клиничка слика на ковид , а многу подолго време е потребно за тешките клинички слики.Зошто тие и откако се негативни, последиците кои ги остава инфекцијата бараат долго време за лекување“, истакна Милена Стевановиќ, директорката на Инфективната клиника.

Во моментов исполнети се болничките кревети за лекување на Инфективна Клиника и Модуларната болница во Скопје каде што се лекуваат пациентите од Ковид 19. Министерството за здравство направи план за реорганзиација на повеќе Клинички оддели за лекување на болните на Клиничкиот Центар.
Министерот Филипче уверува дека здравствениот систем функционир анорлмано и во овие сериозни моменти , дека е подготвен и организиран за лекување на пациентите, дека има медицински кадар и лекови, и доволен број на тестови. Повика граѓаните да ги почитвуваат мерките за заштита и да придонесат во спречување на понатамошното ширење на пандемијата. Смета дека засега нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top