Прв регистриран случај на Ковид 19 во охридска градинка

Негователка од клон на охридската градинка Јасна Ристеска е  позитивна на ковид 19. Во изолација ќе бидат ставени дечињата кои биле во нејзината група. По епидемиолошката анкета  ќе се знае дали воспитувачката имала контакти со  колешките.  

 |  Валентина Неловска  | 

Прв регистриран случај Ковд 19 во охридска градинка. Денеска ЦЈЗ го доби позитивниот резултат од тестот за корона вирус на негователка во еден од клоновите на детска градинка Јасна Ристеска. Децата од групата за кои таа се грижела ќе останат дома во следните денови, информира директорот на центарот, Сашо Точков.

„Епидемиолошката служба контактира со надлежните и во моментов се врши анкета. Ќе се преземат сите мерки за заштита на децата кои биле во контакт со негователката ќе бидат изолирани дома и нема да доаѓаат во градинка. Ќе се преземат сите мерки, нема место за паника, се ќе биде регулирано согласно протоколите и алгоритмите за работа во овие случаи“.

Епидемилот допрва ќе се одлучува дали таа имала конаткти со колегите. Дали ќе бидат тестирани други вработени ќе се чека по анкетата и одлуката на епидемиологот.
Денес во охридската јавност проструи и информација дека воспитувачка од дневен престој во централната градинка е позитивна на Ковид. Ова го демантираат од ЦЈЗ дека до денес во дневен престој во градинката и во охридските школи нема позитивен случај на воспитувачи или негуватели, професори и наставници.

„Согласно новите протоколи кои се однесуваат на работата на предшколските установи , а од вчера и на школите за 1, 2 и 3 одделение ЦЈЗ е во секојдневна комуникација со задолжените лица од обарзовниот систем од Охрид Струга и Дебар за да се следи дали има појава на симптоми или некој бил во контакт со позитивно лице од ковид19“.
Инаку , во Охрид денсе се регистрирани 3 нови случаи позитивни на корона 19, со што има вкупно активни 38 лица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top