Возат бучно моторцикли, конзумираат аклохол и наркотични средства. Полициските службеници немаат изречено прекршочни пријави против родители. Додека 15 прекршочни пријави се поднесени за угостителски објекти во кои биле затекнати малолетници после полноќ.
Граѓани пријавуваат до полиција малолетници кои го нарушуваат јавниот ред и мир во ноќните часови со бучно возење на моторцикли и трки по улиците. Подолго време, се ремети јавниот ред во населбата Билјанини извори и во Бараки. Кај градскиот полигон се забележува собирање на малолетници кои се бучни и конзумираат алкохол. Покрај конзумирањето алкохол малолетниците посегнувале и по наркотици во парковите и школските дворови, но и на други места низ градот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за досегашната работа на полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај. При тоа регистрирани се законски престапи по неколку основи, кажува Димоски.
„Управуваат моторцикли без дозвола, не носат заштитна кацига и престојуваат на јавно место по 24 часот. Дел од нив претходно купуваат и конзумираат алкохол. Ние на сите овие места посебно во летниот период бевме присутни, на полигонот преземени се 10 активности со кои малолетните лица и нивните родители се повикани во полициска станица во присуство на лица од Центарот за социјални работи“.
Сакаме да делуваме советодавно и со претставници од Центарот за социјални работи сакаме да укажеме на се што е кршење на законските одредби за да се сузбие ова дивеење, вели Димоски. Информира дека полциските службеници во изминативе три-четри месеци немаат изречено прекршочни пријави против родители. Испратиле 10 тина известувања до родителите, а поднесле 15 пријави до угостителски објекти во кои биле затекнати малолетни лица после полноќ.
„Полициските службеници прават контроли и на угостителски објекти. Една од мерките е контрола и перземање мерки против малолетници лица кои се задржуваат после 24 часот. Има повеќе случаи каде што биле затекнати малолетни лица и се поднесени пријави до сопствениците или одговорното лице на угоститескиот објекти и ги известувавме родителите“.
Портпаролот на СВР Охрид упатува апел до родителите да водат поголема грижа за своите малолетни деца, посебно тинејџерите. Потсетува дека прекршочните пријави за родителите кои не водат грижа за малолетните деца се со глоба од 600 до 800 евра во денарска против вредност.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град