• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во агенцијата за вработување пораснал бројот на охриѓани кои се пријавиле како активни баратели на работа

Во агенцијата за вработување пораснал бројот на охриѓани кои се пријавиле како активни баратели на работа

Се пријавиле баратели на работа кои останале без работа како последица на економската криза од пандемијата , но се пријавиле и лица за да остварат некоја од економскиот сет мерки државна помош на лицата кои останале без работа или се на евиденција за вработување.

 |  Валентина Неловска  | 

Од почетокто на пандемијатa досега пораснал бројот на охриѓани кои се пријавиле како активни баратели на работа, информираат од охридската Агенцијата за вработување. Во моментов, во евиденцијата на активни баратели на работа се регистрирани лица кои останале без работа како последица на економската криза од пандемијата , но се пријавиле и лица кои биле пасивни баратели на работа. На пазарот на трудот во Охрид, во месец март биле е евидентирани 2858 лица кои активно бараат работа. Во моментов, пак, во агенцијата за вработување има 3.600 активни баратели на работа, инфромира Пецо Павлоски директор на Агенцијата.

„Оваа бројка во последен момент се зголеми поради кризата која настана. Дојдоа и лица на евиденција кои очекуваа помош од државата и сакаа да остварат дополнителни приходи и ваучери кои ги дава државата и што е оправдано“.

Многу стопански гранки на почетокот од пандемијата претрпеа серизони економски последици во работењето. Многу од нив беа принудени да отпуштат и вработени , вели Павлоски.

Во услови на пандемија и криза најтешко погоден е угостителско туристичкиот сектор. Побарувачката за работа во одреден период беше добра пред сезоната имаше побарувачка за вработување па се намали. Сега како одминува времето е послаба ќе видиме како ќе се одвиваат работите“. 

Понудата и побарувачката на работни места има и најголеми осцилации токму во во туристичкиот сектор. Долгогодишен проблем е недостаток од кувари, шанкери и келнери. Постојано има недостаток и потреба од таа квалифакациона структура за овој сектор, напоменува Павлоски.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top