Тие се заинтересирани да се вклучат на пазарот на труд доколку се најде заинтересирани работодавач да ги вработи. Потребно е само да се усогласат нивните квалификации и потребите на работодавачите , покажува досегашното искуство на Агенцијата за вработување која реализира мерки за поттикнување на вработувањето и за корисниците на постојана социјална помош .
Агенцијата за вработување во соработка со Центарот за социјални работи објавува нова активна мерка за субвенционирање на плати.
Се мерката се опфатени корисниците на постојана социјална помош. Огласот тече по втор пат и планирано е да им помогне на 60 корисници на постојана социјална помош евидентирани во Центарот за социјални работи. Со оваа мерка со првиот повик се вработиле 15 лица , од кои едно лице од општина Охрид. Досегашното искуство со оваа ранлива категорија невработени лица покажува дека дел од корисниците на постојана социјална помош сакаат да најдат работа, информира Пецо Павлоски, директор на Агенцијата за вработување од Охрид.
„Дел се заинтересирани вистински да се вклучат на пазарот на трудот. Денес имавме најава, 2 лица од оваа ранлива категорија се заинтересирани да ја искористат мерката доколку се најде заинтересирани работодавач да ги вработи. Ние ќе преземеме дејствија да ги реализираме вработувањата и да најдеме соодветен работодвача. Треба сепак да се усогласат потребите на работодавачот со квалификациите на овие лица кои се на евиденција“.
Корисниците на постојана социјална помош се најчесто со пониска квалификација и можностите за нивно вработување не се едноставни, вели Павлоски. Бараат поголем ангажман од заедницата за да бидат ангажирани, а и работодавачите бараат соодветни квалификации од лицата.
„ Целта на проектот е да бидат активно корисни во заедницата. Да се активираат и да им се даде можност да се почуствуваат дека се корисни на пазарот на трудот, тоа е главната цел. Да почуствуваат дека општетсвото води грижи за нив, дава одредени субвенции на работодавачите, дава можност полесно да се вклучат. Оваа категорија потешко се снаоѓа на пазарот на трудот и затоа се дадени овие мерки полесно да се ангажираат на пазарот на труд“.
Мерката предвидува субвенција на плата во бруто износ од 19.000 денари за работодавачите кои ќе вработат лица од оваа категорија. Износот од 19.000 денари ќе го добива работодавачот во текот на една година , со обврска да ги задржи на работа ангажираните лица уште 6 месеци. Тоа е минимална бруто плата, работодавачот може да му даде повеќе, но не помалку од тие 19.000 денари. Возраста на работници не е ограничена, информира Пецо Павлоски, директор на охридската Агенција за вработување.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град