Повеќето од случаите се семејно поврзани. Меѓу нив има и медицински лица,а заболените во анкетните листови навеле дека не знаат како се заразиле со вирусот. Во моментов на болничко лекување на инфективната клиника во Скопје се наоѓаат 2 пациенти од Охрид, а на одделението за инфективни болести во Општа болница Охрид од Ковид се лекуваат 8 пациенти.
Бројката од 14 нови случаи на заразени со ковид 19 ја вознемири охридската јавност. После подолго време на мирна ситуација со мал број случаи, двоцифрената бројка ги потсети граѓаните дека вирусот циркулира во заедницата. Станува збор за заразени охриѓани од кои повеќето се со лесна клиничка слика, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ Охрид.
„Најголем дел се поединечни случаи. Во анкетните листови видов дека не знаат како се заразиле. Но, има семејно поврзани позитивни случаи, дел се здравствени работници од болничките одделенија. Сетоа тоа говори дека не е време за опуштање треба да бидеме претпазливи вирусот е меѓу нас.Летото е при крај наскор ќе нема гужви, но ние охриѓани треба да бидеме внимателни и да ги почитуваме заштитните мерки“.
Сведоци сме дека имаше голем број јавни собири иако беа организирани според протоколите за заштита. Сепак 99 посто да се претпазливи тој еден процент кој не бил со заштита можел да е причина за оваа бројка.
Сашо Точков упатува апел до здравствените работници да се претпазливи и да ја носат прописно заштитната опрема. Сите пациенти кои доаѓаат на одделенијата иако поминуваат низ тријажниот центар не се знае кој е позитивен случај има голем број на асимптоматски случаи. Затоа е потребна поголема претпазливост кај здравствените работници. Меѓу новооткриените случаи има заболени лекари и медицински сестри од Општа болница.
„Тоа се дел од одделенијата од терцијалната дејност од општа болница. Не е загрижувачка бројката, но и тие се луѓе и се постојнао изложени на ризик. Но, мора да бидат попретпазливи во користење на заштитната опрема. За да не дојдеме во ситуација одредени здравствени работници да се изолираат“.
Од 14 случаи има 3-ца охриѓани кои се со потешка клиничка слика и се хоспитализирани на клиниките во Скопје. Претежно станува збор за заболени на возраст над 60 години, но има и на 47 и 59 годишна возраст. Во моментов на болничко лекување на инфективната клиника во Скопје се наоѓаат 2 пациенти од Охрид а на одделението за инфективни болести во Општа болница Охрид од Ковид се лекуваат 8 пациенти.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град