Туристите кои летуваат на охридско струшкото крајбрежје не носат заштитни маски

Летувалците биле подисциплинирани на почетокот од отворањето на хотелските капацитети, а потоа ретко кој ги почитувал пропишаните протоколи. Некои од посетителите на овој регион не покажеле основно ниво на еколошка свест и отпадоците завршувале каде што не им е место.

 |  Валентина Неловска  | 

На истекот од летната сезона 2020 се сумираат финансиските резултати од туристичката посетеност, но и од степенот на култура на гостите. Годинава, туристичката сезона е карактеристична по мошне сложена општествена сосотојба која ја наметна ковид 19 и пропишаните протоколи за хотелиерите и за гостите како заштита од пандемијата. Неодминливо е прашањето колку угостителите, хотелите и туристите кои летуваа на охридско-струшкото крајбрежје ги почитуваа пропишаните мерки.

„Првите две недели беа збунети во однесувањето. Хотелите и рестораните постапија по пропишаните прописи од СЗО кои треба да се почитуваат во однос на поствување на растојание на масите, дезинфекција на просториите, поставување на дезинфекција пред влезовите. Гостите кога дојдоа на почетокот по карантинот повеќе ги почитуваа мерките, а после повеќе го пратеа одржувањето на растојание од колку да носат маски“, споделува Крсте Блажески претседател на  ХОТАМ.

Некои од посетителите на овој регион не покажеле и основно ниво на еколошка свест и отпадоците завршувале каде што не им е место. Се соочувавме со неколку проблеми меѓу кои и чистотата на градот иако ЈП за комунална хигиена си ја вршеше својата работа,, укажува Филип Стефаноски од ТА “ДМС Балканс“ за односот на некои од туристите кон  Охрид.

„Културата на граѓаните беше на незавидно ниво. Се соочувавме со многу ѓубре ,по вечерните излегувања , по одење на плажа, ѓубре не се фрлаше на место каде што треба. Беше жална сликата да не се почитува природата и културното наследство, да не се внимава со тоа што располагаме. Охрид има вредности и како град на РМ и треба да внимаваме и да го почитуваме она што е убаво и вредно“.

Еколошки свесните граѓани од Охрид но и од други градови од земјата организираа еко-акции за чистење на делови од градот. Собираа ѓубре оставено од несовесните туристи. Планинската спасителна служба ги чистеше непристапните карпи кај Kанео, иницијативата 5 до 12 го исчисти предворјето на катедралната црква Св Софија, а активистите на Чист Охрид спроведуваа често акции за чистење на разни локации при што последната беше на полигонот за мали спортови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top