Центарот за сензорна терапија доби помош од Бугарската Влада

Здружението за аутизам „Во мојот свет“ доби  хуманитарна помош  од Бугарската Влада. Доделени се  30 пакети со основни прехранбени артикли за семејствата во социјален ризик  во време на пандемијата од Ковид 19.  Охридскиот Центар за сензорна терапија  згрижува 60 деца со аутизам. 

 |  Валентина Неловска  | 

Пристигнаа хуманитарни пакети наменети за охридскиот Центар за сензорна терапија на Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Бугарската амбасада во земјава донираше хуманитарна помош од Бугарската Влада за земјава. Покрај, социјани пакети за град Скопје, се обезбедени и 30 пакети со основни прехранбени артикли за семејствата во социјален ризик за охридски семејства кои се погодени од последиците на пандемијата од Ковид 19, рече Ангел Ангелов, Бугарски амбасадор во земјава.

„Особено за социјално загрозените семејства. За време на таа пандемија тие најмногу ја чувстуваат кризата. Тука сме специјалнo за да им поделиме на семејствата кои имаат деца со аутизам, а се социјално ранливи. Малку да им помогнеме со нешто, тоа не е многу, главно во пакетите има брашно, шеќер, ориз, прехранбени артикли“.

Хуманитарната донација ја прими Весна Стојановска, потпретседател на Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Стојановска со жалење констатира дека бројот на деца со аутизам во Охрид е во пораст, а Центарот за сензорна терапија е нов и почна со работа на почетокот од годината. Во моментов се згрижени 60 деца со аутизам, кажува Стојановска.

„Среќна сум што на овој начин може да ги поддржиме семејставата со третмани бидејќи претходно во регионот немаше ништо пред да се отвори овој центар. Успеавме благодарение на Бугарската амбасада да го реконструира и опреми современиот центар. Поддршката продолжува, покрај овие пакети наменети за социјално ранливите семејства, да се заблагодарам и за тоа што 30 деца кои се под социјален третман, се финансиски поддржани од Бугарската Влада“. 

Покрај, помошта за центарот од Бугарската влада, радува фактот што се буди и јавната свест во Охрид. Почнаа да помагаат и од бизнис секторот, вели Стојановска. Центарот за сензорна терапија почна повторно со работа од 1 јули по протоколи од Комисијата за заразни болести, а по пауза од неколку месеци заради пандемијата. За децата кои се згрижени во центарот се грижат 4 вработени и 11 хонорарци. Капацитетот на Центарот за сензорна терапија за да се згрижат  со аутизам е од  120 до 150 деца.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top