Градот ќе го решава сообраќајниот метеж во близина на пазарот

Наскоро ќе почне постапка за изготвување на  сообраќајно решение. Жителите и туристите  се соочуват со собраќаен хаос  кој се создава на пресекот на улиците  Абас Емин, Гоце Делчев и Кирил и Методиj.  Тесни сообраќајни грла има во повеќе делови од градот посебно во летниот период.  Во иднина за да нема сообраќајни тесни грла  на охридските улици мора да има соодветно урбанистичко планирање на Охрид, велат од Фондот за сообраќај, улици и патишта  при ЛС.

 |  Валентина Неловска  | 

Градот ќе изработи проект за решавање на сообраќајниот метеж во близина на пазарот. Една од покритичните точки е на пресекот со улиците Абас Емин, Гоце Делчев и Кирил и Методи кои ги поврзуваат жителите од Стар град со централното грaдско подрачје и населбата Лескајцa. Сообраќајните гужви им создаваат нервоза на жителите и на туристите во централното градско подрачје. За овој реон, градот наскоро ќе почне постапка за изготвување на сообраќајно решение. За таа цел ќе поднесеме барање до надлежни фирми кои изработуваат сообраќјани проекти, информира Зоран Шикалоски од Фондот за сообраќај, улици и патишта при ЛС. Постапката за изготвување на сообраќен режим за овој дел од градот би требало да почне по завршување на другите законски постапки, вели Шикалоски.

За тој дел треба да се донесе едно сеопфатно решение да не одиме улица по улица да се решаваат проблемите. Ако ги решавме на таков начин проблемите во тој случај може да го решима проблемот на Абас Емин , но да го нарушиме сообраќајот на Гоце Делчев и обратно. Вака, за цел тој реон ќе се пристапи кон изработка на сообраќен проект по претходни снимања и согласно добиените анализи,  решенија и напаствија од Мвр и законските прописи ќе пристапимe кон решавање на проблемот“.

Со проектот ќе треба да се направи по опсежно снимање на сообраќајот, а не само ден – два. Повратен одговор може да очекуваме во следниве три –четири месеци, кажува Шикалоски. Тој додава дека и на останатите охридски улици се појавуваат сообраќајни тесни грла посебно во екот на летната туристичка сезона.

„ Во вакви периоди на годината како што е сега има број на возила кои се зголемуваат по 4-5 пати повеќе од вообачено и секаде има проблеми. Во иднина треба да ги превидуваме , сепак ова треба да е поврзано со урбанистичкото планирање на Охрид. До решавање на проблемот тешко ќе доаѓаме. Зошто? Ние  имаме градско централно подрачје кое е исто како пред 3 децении , но сега има градби и институции кои привлекуваат посетители и имаме бројки на возила кои се 4-5 пати повеќе кои биле пред 20 години“.

Зоран Шикалоски, од Фондот за сообраќај, улици и патишта при ЛС напоменува дека во иднина треба да се бараат решенија и за непречено сообраќајно движење за жителите од населбите Билјанини извори, Горна Влашка маала и за Улицата Железничка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top