Станува збор за монографија која содржи голем број историски извори, податоци, артефакти, детали од етнокултурата на Балканските Египќани. Проф. д-р Земон работи 3 децении на истражувања на историско-етнографските аспекти на оваа заедница.
Промовирана научната студија „Балканскиот етнички феникс“ од д-р Рубин Земон. Ова е антрополшки етнолошка монографија, моја докторска дисертација за Балканските Египќани, вели Земон. Монографијата е изградена врз нови сознанија, податоци, случувања и феномени и е научен придонес за обичната и научната јавност.
„Содржи голем број историски извори, податоци, артефакти, детали од етнокултурата на Балканските Египќани и е дело за подобар развој на нашето мултикултурно општество, за подигање на свеста за различноста на нашето општество, едно општество кое целиме да го градиме. Исто така, е лесно четиво за читање, покрај тоа што станува збор за научна литература, сепак е и за обичниот читател кој не се бави со антропологија и етнологија, лесно е да го чита и придобие и даваме придонес во сето ова“, вели д-р Земон.
На истражувања на историско-етнографските аспекти за заедницата на Балканските Египќани работи 3 децении. Д-р Земон вели, целиот мој научен живот, не само јас туку морам со голем чест да ги споменам и сите други научници и соработници кои дале придонес, за сите сознанија кои ги имаме во изминатите 30 години за Балканските Египќани. Сите сознанија се сублимирани и се со потребната научна методологија што треба да ги има за една ваква книга.
„Активно со мојата докторска дисертација се бавев 7 години со истражување. Од 2000 до 2005 истражувањата беа низ целиот Балкански Полустров, истражувања имав во Египет, во музејот Лувр, во Париз, колку што имав можност со моите скромни средства и сите сублимати кои ги зедовме од другите научни истражувања.
Проф. д-р Рубин Земон е етнолог,социо-културален антрополог. Докторирал на Етнографскиот институт со музеј при Бугарската Академија на науките во Софија, Република Бугарија, во 2005 година.Научен соработник бил во Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро – Балкан“ во Скопје, универзитетски професор при Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во 2016 година е назначен за директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро – Балкан“ во Скопје.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град