Најавен протест на туристичките работници

Вработените од овој сектор под мотото „И јас сум туристички работник“ имаат низа економски барања до владата. Меѓу барањата за помош се предлагаат продолжување со дел од економските  мерки,  но да се воведат и други субвенции и поволности за опстанок на овој сектор кој  е најпогоден од Ковид кризата. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските туристички работници ќе бидат дел од утрешниот најавен протест во Скопје. Вработените во туристичките агенции, водичите, придружнците, превозниците и останите кои се дел од туристичкиот сектор имаат низа економски барања. Тие преку Стопанската комора утре ќе ги испорачаат до владата, информира Елида Битрак од ТА „Елида турс“.

Меѓу барањата за помош на овој сектор кој е најпогоден од Ковид кризата се предлагаат продолжување со дел од економските мерки, но да се воведат и други субвенции и поволности за опстанок. Бараат неповратна финансиска помош за плаќање на режиските трошоци. Предлагаат за помалите ТА до 5 вработени помош од 500 евра месечно субвенција, а над 5 да е 1000 евра. Да се продолжи со мерката исплата на плата за сите вработени во туристичкиот сектор со придонеси додека трае пандемијата.

„Ослободување од плаќање на ДДВ, данок на добивка и аконтација за данок на добивка до крај на годината. ТА кои имаат подигнато кредити во банките за закупи за одржување на тековна ликвидност да се донесе уредба за одлагање на сите за една година. За одобрените кредити од Развојна банка на РМ како донесена мерка да се зголеми грејс периодот од 6 месеци на 12 месеци. Да се одобрат без каматни кредити за сите ТА и превозници без никакви услови“.

6 месеци по воведување на мерките за заштита од Ковид 19 сме тешко погодени од кризата, напоменува Битрак. Многу од туристичките работници се во голема незивесност што ќе се случува понатака и сега бараат помош од Владата. На утрешниот протест се најавени околу 700 учесници од секторот кој според проценките опфаќа повеќе од 5000 вработени и повеќе од 300 агенции во целата држава.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top