Посетители реагираат на висока цена за влез во НП Галичица


Кажуваат дека отсуствува чуварска служба на  наплатните влезови. ТВМ се обрати до НП  со прашања како функционира наплатата и дали има промена на ценовникот на влезниците. Од таму информираат дека цените не се променети, а посетителите може да ги дознаат цените преку апликации и социјалните мрежи.   

 |  Валентина Неловска  | 

Високи цени за влез и посети на локалитети во НП Галичица и отстуство на чуварска служба за наплата на влезот, се реакции кои стигнаа до редакцијата на ТВМ. На четворица граѓани неодамна им било наплатено по 200 ден од лице и тоа, како што велат, на излез после кратката прошетка, а кога влегувале немало наплатна служба. Овие коментари од вљубеници во планинарењето и Галичица беа повод да упатиме низа прашања до НП меѓу кое како се информираат посетителите и како функционира чуварската служба на паркот. Дали има промена на ценовникот за посети во НП, дали на наплатните места има вработени чувари, дали се истакнати цените за посета на заштитените локалитети ?

Огнен Достиноски, од секторот туристичко управување со НП Галичица, напоменува дека паркот се протега скоро на 25 000 хектари површина и има многу бројни влезови. Додава дека сите вработени кои се чувари на паркот имаат задача да го контролираат влезот во паркот и да ги анкетираат постителите дали платиле влез и дали им е потребна помош. Влезовите се многубројни ,а на три локации има наплатни служби кај месноста Дервен, Царина и кај селото Велестово. Најчесто организирано посетители патуваат рано наутро, укажува Достиноски.

Наплата на влезот според законот за заштита на природа и подзаконскиот акт за надоместоци во заштитените подрачја и НП во Македонија се движи од 30 денари за посета на целиот парк , а за строго заштитените зони како Магаро и Голем град посетите чинат 200 денари. Чим влези посетителот во паркот овој надомест мора да го плати“.

На таблите на двете влезни места Дервен и Царина се напишани ценовниците колку чини влезот за посетители и другите ставки за посета на паркот, појснува Достиноски. Посетителите за цените и се што ги интересира во врска со паркот може да се информираат на телефони за контакт, на веб страната, на фејсбук страна, имаме броеви за контакт за информации на фискалните сметки за помош. На овој начин сме го регулирале информативниот дел во врска со претстој на посетителите за наплата на влезот, кажува Достиноски.

„Нашите вработени се поставени за да наплаќаат влез и да даваат информции. Има специфични прашања па ако вработените не можат да одговорат посетителите имаат телефони на фискалните сметки и може да добијат точни информации кои ги интересираат. Должни се да ги земат фискалните и да се инфромираат за се што ги интересира за паркот“.

Чуварите работат постојано не само за влез на псоетителите туку и за контрола. Некогаш работат и ноќе. Паркот дење – ноќе е под мониторинг.
Достиноски појаснува и како се справуваат со негативните коментари на посетителите. Ние ги сфаќаме конструктивно, тие ни укажуваат каде е нашиот недостаток и каде да се поправиме, тоа е позитивен пример на реакција за да се поправи управувањето со посетите на паркот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top