Хотелите започнаа да ги спроведуваат донесените протоколи за работа

Има бројни промени во начин на работа на хотелските објекти. Хотелиерите се свесни дека со процедурите се нарушува комфорот на гостите, но тие ќе преземат се за нивна безбедност и се надеваат на позитивен ефект во работењето.

 |  Валентина Неловска  | 

Познати се протоколите според кои од понеделник хотелите треба да започнат со работа. За обезбедување што поголем степен на заштита на гостите забрзано се подготвуваме за да ги примениме новите процедури во работата до 22 јуни. Се надеваме на позитивен ефект во работењето, вели Јован Китрозоски од хотел Силекс.

„Некој период никој од угостителските објекти не работиме и немаме никакви приходи. Овие мерки ќе допринесат за зголемување на трошоците, што се вели, уште не почнати со работа. Но ние ќе се потрудиме се да се примени заради здравјето на гостите. Се надевам дека успешно ќе се справуваме со оваа криза“, вели Китрозоски.

Според измените, рецепционерите ќе носат визири или ќе бидат зад пулт пред кој ќе има монтажна преграда од прозирна пластика.  Ова е само една од низата мерки донесени за безбеден престој во хотелите кои ги очекуваат гостите да го искористат владиниот ваучер за одмор со кампањата Дома си е дома.

 

„Ние некако сметаме дека пултот е поприфатлива варијанта. Првенствено гостите треба да ги видат импресиите на вработените во угостителските објекти тоа е дел од работниот процес. Носењето на визири , наликува некако на  медицински помагала кое  влијае  врз чувството на пријатност врз гостинот. Тоа е инвестиција, но сметам дека не е голема и може да се направи“.

Китрозоски и за останатите мерки кои се предвидуваат со протоколите, нагласува дека се во ред и можат да се применуваат во работата. Така покрај задолжителните заштитни мерки носење маска, дезинфекција и држење на дистанца се препорачува висок степен на дезинфекција на сите простории од хотелите , како и одстранување на текстилните украсни елементи на тапацираниот мебел, а од креветот се отстрануваат перници, ленти, украсни прекривки. Во ресторанскиот дел не е дозволено служење храна на шведска маса. Забрането е користење на заеднички отворени садови при сервирање како што се кечап, сенф, сосови, масло, сол, шеќер, а кои се споделуваат на повеќе од една маса. Хотелиерите споделуваат дека многу од безбедносните мерки наликуваат од поранешните времиња кога немало големи луксузи и конфор туку пред се здравствена безбедност на гостите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top