Денес има регистрирани 10 нови случаи на ковид 19. Пет од позитивните лица се поврзани со кластерот од семејната прослава на новороденче. Се работи на откривање и изолација на контактите за останатите случаи.
Епидемиолошката состоја во Охрид станува сложена со секојдневното зголемување на бројот на новозаболени од корона вирусот, инфомира Сашо Точков од ЦЈЗ. Половина од новите позитивни случаи на Ковид 19 се поврзани со кластерот од семејната прослава на новороденче. Вкупниот број на заболени од кластерот мекици достигна бројка од 17 позитивни лица. Од тој кластер се најголем број позитивни и се ставени во изолација, вели Точков.
„Денеска, само од вчера до денес има 10 нови заболени. 5 се од кластерот кој го имаме, поврзан со семејното групирање, а 5 се поединечни случаи. Се работат, се контактираат сите позитивни и контактите ќе се стават во изолација“.
Позитивните случаи кои се јавуваат се од испратениот материјал за тестирање од понеделникот, вторникот и средата. Очекуваме бројот на позитивни да расте, вели Точков.
„Повеќето се асимптоматски, на дел од позитвните им се извршени прегледите, тие се со лесна симптоматологија. Со лесна покачена температура, малаксаност, не се за болничко лекување. Се третираат соодветно од инфективното одделение“.
Граѓаните да се дисциплинирани да не се шири паника и да ги почитуваат сите препораки. Се чекаат резулатите од околу 20 тестирања, а од кластерот мекици се чекаат резултатите од брисеви на околу 10 лица. Тимовите во Институтот за јавно здравје од вирулошката лабораторија работат постојано 24 часа, има голем број на анализи, процедурата на обработка не е едноставна и лесна. Точков апелира од воздржување на навредливи коментари и ширење паника за време на чекање на резултатите.
Во моментов во Охрид има 39 активни случаи.Во соседна Струга пак, има 3 нови случаи, а и смртноста е висока. Тоа се должи на ненавремено јавување кај матичниот лекар и задоцнето лекување, укажува директорот на ЦЈЗ .
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град