Започна снимањето на првиот видео спот од рекламната кампања Дома си е дома

Снимањето на убавините на земјата почна од Демиркаписката Клисура,  а ќе следуваат уште девет видео записи меѓу кои еден и од охридскиот крај. Oд Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на овој начин ќе ги поттикнува  Македонските граѓани да патуваат низ убавите домашни предели за да ја поддржат домашната економија.     

 |  Валентина Неловска  | 

Почна да се снима првиот видео спот за рекламната кампања Дома си е дома, информира Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во рамки на кампањата ќе се изработат лого, билборди и 10 промотивни видеа. Видеата ќе ги претстават најзначајните туристички дестинации и локалитети, претставени преку конкретни активности, производи од активниот туризам ккао што се планинарење, велосипедизам, параглајдинг, спортско качување итн., во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија, нагласува Јаневски. Кампањата треба да не мотивира сите, да овозможи што поголем број домашни туристи да ја посетат Македонија како туристичка дестинација за 2020. Во 2019 според ститстичките податоци 38 посто од вкупниот број на домашни туристи кои оствариле приближно 51 процент ноќевања или повеќе 1,6 милиони ноќевања. Во 2020 и пандемијата со Ковид 19 овоможи да се свртиме што повеќе кон дома и да ги раздвижиме домашните капцитети.

Кампањата Дома си е дома ќе овзоможи да се снимат 10 видео спотови кои на поразличен начин ќе ни ја покажат Македонија како туристичка дестинација. Се надеваме дека во 2020 секој турист кој ќе остане дома и ќе го помине својот летен одмор дома ќе помогне во зачувување на сите работните места, спас на македонската економија и секако туристичкиот сектор кој во моментов е во длабока криза“, вели Јаневски.

Оваа кампања ќе поттикне екскурзиите, викендите, повеќедневните одмори, планинарења, рекреативни и спортски активности во природа да се одвиваат во рамките на нашите туристички капацитети и дестинации. Мал е бројот на граѓани кои ги откриле убавините како што е долината на кактусите во Демир Капија, карпите во Демиркаписката клисура, винските полиња или алтернативните форми на туризам.

„Јас мислам дека малку си ја познаваме нашата дома. Мојата желба во моментов е да ја посетиме Македонија како туристичка дестинација, не затоа што мораме туку затоа што сакаме и да ја откриеме на поразличен начин“, кажува Јаневски.

Промотивната маркетинг кампања под слоганот „Дома си е дома“ ќе започне со емитување на повеќе канали на почетокот на месец јули со следење на препораките од Владата, а ќе трае до крајот на годината. Во неа дополнително ќе бидат вклучени сите засегнати субјекти за максимално ангажирање на домашните капацитети, атракции и дестинации, да им се понуди на домашните туристи подобрена туристичка понуда.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот потпиша договор за соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост со Швајцарската агенција за развој и соработка. Дополнително, во поддршка на кампањата се приклучува и Амбасадата на Франција во земјава.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top