Има голем интерес кај граѓаните за користење на платежната картичка Купувај Домашно

Во Центрите  за социјална работа телефоните постојано ѕвонат. Во Охрид над 530 семејства се евидентирани како приматели на гарантирана минимална помош.

 |  Валентина Неловска  | 

Платежната картичка од 9000 денари која владата ја најави како помош за таргетирани ранливи категори, приматели на гарантирана минимална помош и невработените лица побудува огромен интерес кај граѓаните.
Платежната картичка КУПУВАЈ ДОМАШНО ги следува граѓаните со низок доход односно приматели на социјална помош ( гарантирана минимална помош, детски додаток, додаток за образование, корисник на право за социјална сигурност за старите лица). Голем број од нив секојдневно бараат информации во Центрите за социјални работи. 536 семејства во Охрид се евидентирани како приматели на гарантирана минимална помош ја очекуваат оваа помош но не знаат каде и како да се пријават или да ја подигнат платежна картичка, инфoрмира Ајтен Мусли, директор на охридскиот Центар за социјални работи.

„Постојано ѕвонат телефоните. Странките прашуваат кога и што можат да очекуваат од помошта. Но ние немаме конкретен одоговор во моментов“.

Оваа помош лицата евидентирани во Центрите за социјални работи ќе ја добијат без поднесување барања, аплицирање и одење по институции. Согласно уредбата на владата, Министерството за труд и социјална политика ги има во евиденција сите корисници на гарантиран минимален приход и право на социјална заштита. Податоците на оние граѓани кои се опфатени со уредбата ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат на Владата, од каде што истите ќе бидат проследени до банките. Граѓаните ќе бидат контактирани од банките кај кои имаат трансакциска сметка на која ја добиваат социјалната помош. Платежната картичка КУПУВАЈ ДОМАШНО треба да им биде доставена на домашна адреса.
Со владината мерка за помош на ранливите семејствата погодени од коронавирусот, околу 100.000 граѓани ќе добијат платежна картичка вредна 9.000 денари за купување на македонски производи и услуги. Платежната картичка ќе може да се користи во период од 30 дена.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top