Се бара место повеќе за закотвување на пловни објекти во Студенчишкиот канал

Отстранети се хаварисани и потонати пловила и се ослободени дополнителни места за врзување на пловилата. Над десетина пловила чекаат сопствениците да си ги подигнат или во спротивно ќе завршат на отпад.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Место повеќе се бара за паркирање на пловните објекти во каналот Студенчишта. Сопствениците на глисери, кајчина и бротчина бараат безбедни места за да ги закотват пловилата по преземањето на дел од каналот под ингеренции на СРЦ Билјанини извори, информира директорот Гордана Јованоска.

Интересот за паркирање на глисерите и другите пловни објекти од оваа страна на каналот е многу голем. Капацитетот е исполнет сто посто и сите се задоволни од нашиот начина на работа, отвореност, транспарентност и љубезност на вработените. Сигурноста која ја имаат сопствениците на глисерите во нас допринесе оваа година да има уште поголема побарувачка на места за врзување“, вели Јованоска.

 

Од минатата година СРЦ Билјанини извори од ЛС доби право да стопанисува со едниот брег од каналот. Се воспостави ред во хасот со паркирање на пловните објекти кој беше присутен подолго време. Минатата година беа означени 123 паркинг места, а годинава по дополнително расчистување на каналот од хаварисани пловила има 150 места, напоменува Јованоска.

„Заедно со Капетанија од другата страна на каналот, оваа зима, изведовме акција за одстранување на пловилата кои го загадува каналот. Ги одстранивме од каналот и ги поставивме во СРЦ “, информира Јованоска.

Над десетина пловила кои беа распаднати и потопени во каналот сега чекаат сопствениците да си ги подигнат. Во спротивно ќе завршат на отпад по одлуката на Управниот одбор, вели директорот на СРЦ Билјанини извори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top