Никој не открива колкав е бројот на лица ставени во изолација иако ТВМ има инфромација дека станува збор за 20 -тина лица. Нема тестирања заради тоа што никој непројавил симптоми за да ја исполни дефиницијата за случај и да биде тестиран. Од ОДВ Електрик и од ЦЈЗ тврдат дека навреме биле преземени сите мерки за дезинфекција на фабриката и заштита на вработените. Фабриката ќе биде затворена 14 дена, до 23-ти мај.
Од двата новорегистрирани случаи на КОВИД 19 во Охрид, едно лице е вработено во фабриката ОДВ Електрик во ТИРЗ Струга, а членови на семејството на другиот случај биле вработени во фабриката. Погонот од вчера е затворен , а во изолација се сите контакти на лицата, вели Сашо Точков, директор на охридскиот ЦЈЗ.
„Согласно процедурите со извештајот и резултатите добиени од Лабораторијата на Институтот за јавно здравје од Скопје се направи записник од страна на епидемиолозите и инспекциските служби и Комисијата за заразни болести донесоа соодветно решение за престанок за работа за погон.“
ТВМ има информација дека 20-тина лица се во изолација како контакти на двата потврдени случаи. Точков не открива конкретна бројка од причина што тоа било категорија што се менува постојано со откривање на нови контакти.
„Граѓаните да се спокојни сите контакти кои биле непосредни и според епидемолошката анкета и индикации кои треба да се во излоцаија се во изолација како и позитивните случаи и нивните семејства и лицата кои биле во непосреден контакт со нив“.
Точков додава дека фабриката била целосно дезинфицираа од ЦЈЗ пред околу 2 – 3 недели и биле дадени соодветни препораки кои според изјавите на менаџерите биле во целост почитувани.
Директорот на ОДВ Електрик, Огнен Цубалески, во краток телефонски разговор за ТВМ, кажа дека фабриката изминатиот период имала намален обем на работа и менаџментот планирал од 18 ти мај понеделник времено да го прекине производствениот процес. Регистрирањето на лице инфицирано со корона вирусот кое е вработено во фабриката било причина фабриката да биде затворена неколку дена порано. Цубалески додава дека нивната вработена се чувствува добро и и посакуваат брзо оздравување. Посочува дека во фабриката биле почитувани сите протоколи и биле спроведувани сите мерки за заштита на вработените од КОВИД 19.
Фабриката брои околу 500 вработени. Од ЦЈЗ велат дека според протоколите, од лицата во изолација секој кој има симптоми ќе биде тестиран а за тоа ќе одлучат епидемиолозите. Засега никој нема симптоми за да исполнува дефиниција за случај да биде тестиран.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град