Белградската полиција го уапси синоќа Жељко Миловановиќ, главниот осомничен за убиствата на сопственикот на хрватскиот неделник „Национал“ Иво Пуканиќ и маркетинг агентот Нико Фрањиќ.
Белградската полиција го уапси синоќа Жељко Миловановиќ, главниот осомничен за убиствата на сопственикот на хрватскиот неделник „Национал“ Иво Пуканиќ и маркетинг агентот Нико Фрањиќ.
Миловановиќ бил уапсен во белградската населба Дорчол и бил вооружен со пиштол, соопшти српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Ова е второ апсење поврзано со убиството на Пуканиќ во последните два дена.
Хрватска полиција го сомничи Миловановиќ дека на 23 октомври минатата година поставил експлозив пред седиштето на неделникот „Национал“. При неговото активирање загинаа хрватскиот новинар Пуканиќ и Фрањиќ.
Непосредно по убиствата, Миловановиќ престојувал на подрачјето на Добој, но полицијата на Република Српска не успеа да го уапси.
Дел од хрватските медиуми, во текот на истрагата, објавија дека Миловановиќ можеби учествувал и во атентатот врз македонскиот претседател Киро Глигоров во 1995 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град