Неисправна техничка стока и детски играчки се на врвот од листата со поплаки до ОПМ

Купувачите  се жалат и на немање  декларации на производите. Од ОПМ  информираат дека во првиот квартал од годинава до нив  стигнал помал број на поплаки споредено со истиот период лани. 

 |  Валентина Неловска  | 

До Советодавното биро на ОПМ во Охрид во просек месечно пристигаат по 20 поплаки од купувачите. Тие бараат заштита и информации за различни повреди на нивните потрошувачки права. Во месец јануари имавме 14 различни поплаки од граѓани, информира Вангел Спироски од Советодавното биро. 10 мина се обратиле во врска со неисправна техничка стока и детски играчки, некои со прашања за функционирањето на куќните совети, односно, кој за што е надлежен, до кои институции да се обратат за проблеми, но се обратиле и граѓани за финансиски услуги кога се незадоволни од банки и штедилници, вели Спироски.

„Во статистиката за претходните три месеци најмногу има поплаки за враќање на технички производи , детски играчки и производи за домот. Генерално гледано за непочитување на гаранции и гарантен рок за техничко сложени производи“.

Купувачите за го решат проблемот при непочитување на гаранциите и гарантниот рок за производите биле упатувани до државниот пазарен инспекторат. Во последните 3 месеци до инспекцијата биле упатени 6 барања на граѓаните , информира Спироски.

„Меѓу реакците исто така имаме поплаки од граѓани при пазарување во маркет и во однос на цената. Една цена за производот имало на рафтот , а друга цена на каса, тоа како информација го препраќаме до Државниот пазарен инспекторат“.

Од Советодвното биро на ОПМ информираат дека во првиот квартал од годинава до нив стигнал помал број на поплаки споредено со истиот период од лани. Сметат дека тоа се должи на Ковид 19 кога граѓаните се помалку купуваат техничка стока.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top