Има помала продажба на семенски материјал и препаратите за заштита во земјоделските аптеки. Препораката на агрономите е секој кој има мало парче земја да се вклучи во производство на храна од која во иднина може да се почувствува недостаток.
Време е од годината кога земјоделските работи не чекаат, но вонредната состојба со ковид 19 се чувствува и во оваа сфера од животот. Се чувствува мал застој во проджабата на семенски материјал и препаратите за заштитата на коскеските овошки, напоменува агрономот Мирослав Трајчески. Земјоделците се крајно претпазливи во набавката и стравуваат за секој потрошен денар заради неивесниет времиња кои доаѓаат, додава Трајчески за моменталните состојби во оваа стопанска гранка. Апелира до сите кои се бават со производство на храна.
„Да работат во земјоделието во овие моменти земјоделството е тоа што ни треба.Во маркетите се купува се, и храна, но побарувачката на храна ќе расте. Не знаеме како ќе се одвиваат работите во оваа насока. Една земја е јака ако произведува храна сама за себе. Втора работа е што на нивите е многу поздраво одколку да се оди низ град и да се собираат во групи. Упатувам апел оние кои не се на работа да се завртат кон земјоделството да си помогнат и себе си и на државата“, повикува Трајчески.
Агрономот Мирослав Трјачески дава совет секој кој има барем малку парче земја да го искористи з а производство на храна.Препорачува што е најдобро и најлесно да засадат почетниците.
„Пченицата е основна култруа за прозиводство на леб.Кај почетниците е тешко без искуство но тоа е култура за која не треба многу знаење за да се посади пченица тоа е за есенската седиба. За пролетната препорачувам некоја градинарска култура за мало парче земја во консултација со стручно лице“, напоменува Трајчески.
Агрономот информира дека земјоделските аптеки имаат доволно семенски материјал и доволни количини на ѓубрива и заштитни препарати за овошките, посебно за третирање на коскестото овошје. Цените се исти нема покачување бидејќи се договорени пред почетокот на кризата и не би требало да растат, подвлекува агрономот Мирослав Трајчески.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град