Почнаа од Горица и населбата Даљан, а утре ќе расчистуваат во населбата Рача. Повикуваат сите кои сакаат да помогнат на овој начин за почист Охрид се добредојдени во нивните редови.
Охриѓани ентузијасти почнаа со расчистување на диви депонии на крајбрежјето и во НП Галичица. Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ , пензионираниот полицаец Марјан Николоски, бродарот Ацо Сарафиноски и вработените од кафе бар Конект почнаа со кревање на исфрлен шут во населбата Даљан. Се собравме, набавивме возило за оваа цел, се најдоа луѓе кои помогнаа со гориво, со одржување на возилото и со регистрација додека во овие услови сите сме слободни да направиме нешто општо корисно, информира Устијаноски.
„Целта е да можеме онолку колку што можеме ентузијстички и со доброволци да ги исчистиме депониите со кабаст отпад. Го товараме и од Комуналец ќе побараме локација каде што ќе го депонираме онаму каде што ќе ја предложат#.
Нивната намера е еднаш неделно да ја прават оваа акција за чистење. Повикуваат сите кои сакаат да помогнат на овој начин за почист Охрид се добредојдени во нивните редови, а може да ги контактираат на социјалната мрежа фејсбук. Во иднина планираат и формирање на здружение.
„Доволно е 5-6 души да се собереме и да креваме по една тура во работен ден, сабота или недела до почетокот на туристичката сезона, а потоа од на есен и во зима да го повторуваме со подигање на што поголеми количини кабаст отпад кој ја нагрдува околината“.
Ентузијастите почнаа со подигање на распадната педалинка на пешачката патека во Инекс, продолжија со кревање на градежен шут во населбата Даљан, а утре ќе расчистуваат депонија со кабаст отпад во населбата Рача.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град