• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ОУ Христо Узунов на специфичен начин го одбележа 115 година од смртта на патронот и 34 години од постоењето.

ОУ Христо Узунов на специфичен начин го одбележа 115 година од смртта на патронот и 34 години од постоењето.

Сите ученици од  ова училиште следат он лине настава  во услови на пандемија кога школите не работат. Меѓу двата патронати учениците постигнуваат резултати во нсатвниотпорцес ,а се подобруваат и работните услови. 

 |  Валентина Неловска  | 

Вработените и учениците го одбележаа патронатаот на ОУ Христо Узунов во специфични услови и на поинаков начин од вообичаените свечени програми на одблежување на денот на учлилиштето. Во време на панедмија кога школите не работат годинава со помош на социјалните мрежи се одбележаа јубилејот 115 година од смртта на Христо Узунов и 34 години од постоењето на школото , информира Оливија Пирузе Јанева , директорот на ОУ. Пирузева Јанева кажува дека покрај низата активности на социјалните мрежи за одбележување на патронатото објавена е и Песната за Христо Узунов подготвена од професорот по музика Бојан Лушкоски заедно со дел хорот.

Одбележувањето го правиме преку социјалните мрежи. Секој од вработените и учениците на своите фејсбук и инстаграм профили објавуваат снимки и фотографии од она што го сработиле меѓу двата патронати и нивните успеси. Сепак, најдовме начин да го истакнат она што сме го сработиле во овој период.Се навративме и на годините наназад со многу слики и моменти кои разбудија емоции“, вели Пирузе Јанева.

Сите 1200 ученици со помош на одделенските раководители и предметните наставници се вклучени во наставниот процес преку следење на он лине настава, вели Пирузе Јанева.

Направивме огромни напрои да се стиген до секое дете. Се гордеам со колективот кој успеа да да допре до секое дете.Како училиште имаме јасна слика и наставниците работат со нив користејќи ги сите можни начини преку социјалните мрежи за да се вклучат во он лине наставата сите ученици“, подвлекува Пирузе Јанева.

Учениците од Христо Узунов постигнуваат одлични резултати во наставниот процес меѓу одбележување на двата патронати, а се подобрени и работните услови. Заменет е азбестниот кров со помош на Локаланата самоуправа, а преку тендер за капитални инвестиции во образованието има нова дограмата. Во тек е распишување на тендер за обнова на падот и реконструкција на училишните тоалети.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top