Некогашниот американски автогигант „Џенерал Моторс“, канадско-австриската компанија за прозвидство на автомобилски делови „Магна“ и германската Влада рано изутринава постигнаа договор за спас од банкрот на германската автомобилска индустрија „Опел“.

Како што соопшти германскиот министер за финансии, Пер Штајнбрик, согласно договорот, „Магна“ со поддршка на руската банка „Сбербанк“, ќе стане мнозински сопственик на „Опел“, кој сега е во сопственоста на „Џенерал Моторс“.
– Најдовме решение, што ќе овозмжи спас на „Опел“. Бидете уверени дека не беше лесно да се дојде до тоа решение, нагласи Штајнбрик по завршувањето на шестчасовните преговори во седиштето на Владата во Берлин, што започнаа синоќа.
Штајнбрик информира дека германската Федерална влада и неколку покраински влади се согласиле да вложат 1,5 милијарди евра од своите буџети за спас на „Опел“ од банкрот.
Остатокот на сумата за купување на „Опел“ од досегашниот сопственик ќе ги обебзеди „Магна“, зад која застанале „Сбербанк“ и руската автомобилска компанија „ГАЗ“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град