Строго се забранува пешачење, возење велосипеди и движење во НП Галичица

Владината мерка  за спречување на корона вирусот стапува на сила од четврток од 16 часот. Шумочуварската служба ќе врши засилени контроли заедно со полциските службеници, информираат од Јавната установа национален парк Галичица.

 |  Валентина Неловска  | 

Строго се забранува шетање, возење велосипеди и моторцикли, четвороколки како и движење на излетничките места на територија на НП Галичица за сите граѓани како мерка за спречување на корона вирусот. Забраната е согласно заклучоците од четиринаесеттата седница на Владата, оддржана вчера со цел да се спречи внесување и ширење на COVID-19, соопштува Васко Паскали директор на НП Галичица.

Се забранува движење и групирање на излетничките места, местата за рекреација во Националниот парк како и во шумите во границите на истиот. Се забранува движењето и во викенд населбите во периодот на забраната и  посебниот режим на движење за престојните Велигденски празници“, информира Паскали.

Забраната за престој во националниот парк стапува на сила од четврток од 16 часот. Шумочуварската служба на паркот ќе врши засилени контроли. Казните за прекршување на забраната се ригорозни и изнесуваат 2000 евра.

„Шумочуварската служба на паркот во соработка со Министерството за Внатрешни работи ќе ги интезивира контролите на овие места. Службата ќе ја зголеми контролата на влезовите на паркот и за влез со возила како и влезовите за пешачките и велосипедските патеки“, укажува Паскали,  директорот на ЈУ НП Галичица.

Мерките кои ќе ги спроведе ЈУ НП Галичица, а произлегуваат како задолжение од Владата придонесуваат за намалување на опасноста од ширење на коронавирусот. Затоа ЈУ НП Галичица ги повикува граѓаните да се придржуваат кон сите мерки донесени од Владата за што побрзо да се совлада епидемијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top