Опаднат е прометот и пратките во охридската пошта

Опаднат е прометот на уплати и исплати, како и на поштенските пратки. Одвивањето на поштенските пратки тече нормално во рамките на држaвата,а со странство во моментов функционира  само со неколку земји. Се нормализира  поштенската услуга со Германија и преку оваа земја веќе почнаа да пристигнуваат пратките од Кина за нарачките од  Македонија. 

 |  Валентина Неловска  | 

Пандемијата со корона вирусот негативно се рефлектира и врз финансиското работење и прометот на поштенските услуги во охридската поддружница на Македонски пошти. Охридската пошта работи редуцирано заради заштита на своите вработени, информира директорот на подружницата Раим Бајрами.

„Уплатата и исплатата ние опадната за околу 20 посто. Исто така и поштенските услуги, пратки и писма и тие се намалени за околу 20 посто “, информира Бајрами.

Поштенските пратки функционираат нормално во рамките на државата додека со странство во моментов се одвиваат само со неколку земји. Граѓаните испраќаат разни видови пратки и во овие вонредни услови на живеење за време на пандемија.

„Да праќаат но за тие поштенски пратки во моментов во државата функционираат нормално. Но, надвор од државава имаме соработка само со Албанија, Грција, Бугарија, Романија и сега со Германија,“вели Бајрами.

Од скоро почна да се нормализира поштенската соработка со Германија и преку оваа земја веќе почнаа да пристигнуваат пратките од Кина за нарачките од Македонија.

Инаку, охридска пошта работи од понеделник до петок од 8 до 14 часот и за среќа во поддржуницата до сега нема регистрирани заболени од Ковид 19 , информира директорт на охридскат аподдружница  Бајрами.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top