• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Граѓаните кои не ги платиле сметките за струја нема да бидат исклучени од електричната мрежа

Граѓаните кои не ги платиле сметките за струја нема да бидат исклучени од електричната мрежа

Уверуваат дека додека трае вонредната состојба компанијата нема да ги отчитува електричните броила на потрошувачите, а нема да работат ни инфо корисничките центри. Компанијата од национален интерес презема мерки за непречено напојување со електрична енергија на сите корисници, информира портпаролот на ЕВН Македонија.

 |  Валентина Неловска  | 

ЕВН Македонија нема да ја исклучува струјата на граѓаните кои не ги подмириле сметките за потрошена енергија, уверува Атанас Ковачески портпарол на компанијата за снабдување со електрична енергија. ЕВН ќе ги следи препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика и ќе ги преземе сите мерки за спречување на корона вирусот и ќе ги заштити и корисниците и своите вработени, вели Ковачески.

„Никој не треба да биде загрижен за дистрибуција на електричната енергија и одржувањето на системот за дистрибуција. Тоа е работа на ЕВН. Снабдувањето со електрична енергија е стабилно и екипите работат согласно планот за делување во вонредна состојба. Во периодот додека се на сила вонредните мерки нема да се исклучуваат корисниците и нема да се изведуваат нови приклучоци освен оние кои се неопходни да се реализираат “, информира Ковачески.

Мерните места нема да се читаат најмалку еден месец. Корисниците ќе добијат сметки со проценети вредности слично како што добиваат во летниот период.Ќе има просек на потрошената електрична енергија во последните 12 месеци.

„По завршување на вонредните мерки со следното отчитување ќе се извршат израмнувања и евентуалните отстапувања направени при проценување на потрошувачката“.

Компанијата е од национален интерес и презема мерки за непречено напојување со електрична енергија на сите корисници. Додека трае вонредната состојба вработените во диспечерскиот центар од каде што се управува целата дистрибутивна мрежа се излоирани од другите вработени како мерка за заштита од корона вирусот, вели Ковачекси. Според планот за работа нема да работат ни инфо корисничките центри. Во случај на итност се контактира по телефон секој кориснички енерго центар , подвекува Атанас Ковачески портпаролот на ЕВН Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top