Кинеските туристи ги откажуваат априлските туристички аранжмани во земјава


Бројот на кинеските посетители  на Македонија е помал во однос на  земјите во регионот. Кинеските туристи  најчесто  доаѓаат во земјава на т.н. кружни туристички тури.

 |  Валентина Неловска  | 

Корона вирусот го зема данокот и во областа на туризмот. Доаѓаат најави со кои се откажуваат аранжманите на Кинеските туристи.Нивниот број е многу помал во однос на земјите од регионот, но туристичките работници во Охрид гледаат со загриженост на откажувањата. Според нивните информации сите пакет-аранжмани кои носат кинески туристи во земјава се откажани како резултат на корона вирусот во нивната земја. Владее страв кај луѓето да ги напуштат живеалиштата во својата земја и да патуваат, посочува Филип Стефановски Тур-оператор од Охрид.

„Аранжманите се откажани до април 2020 година. Се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри и дека коронавирусот ќе се повлече во Кина и гости кои доаѓаат во Македонија, брзо ќе ни се вратат бидејќи тие се голем инпут во економијата на Македонија“, вели Филип Стефановски, Тур-оператор.

Откажувањето на договорените аранжмани се случува пак во време кога има иницијатива за укинување на визниот режим за кинеските гости. Тоа ќе овозможи полесно да доаѓаат во земјава, подвлекува и Крсте Блажески претседателот на Хотам.

„Нема воспоставување на тие групи и тури повеќе и ќе бидат паузирани во одреден период. Во незгодно време е бидејќи луѓето веќе се плашат од движење било каде надвор од своето место. Тоа може да направи проблем“, изјави Крсте Блажески, Претседател на Хотелска асоцијација на Македонија.

Бројот на кинеските посетители на Македонија е помал во однос на регионот. Најчесто доаѓаат на кружни туристички тури посетувајќи ги уште Албанија, Србија, Босна и Херцеговина. Туристите од Кина во Македонија вообичаено остануваат по две до три ноќевања. Нивниот број во земјава изминативе години се зголемува и покрај тоа што Македонија остана единствената држава од регионот која бара визи за Кинеските туристи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top