• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се одржаа традиционалните „Прличеви беседи“

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се одржаа традиционалните „Прличеви беседи“

По тој повод  промовирани беа неколку дела меѓу кои книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар – советник од библиотеката во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Традиционалните „Прличеви беседи“ се одржаа во НУ Библиотека “Григор Прличев“. За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер беседеше проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, со свои лични навраќања кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за Охрид.

Беше промовиран Каталог на стари и ретки книги – издание на библиотеката, а промотор беше Богомир Наумоски, библиотекар – советник од Струга.

Д-р Наде Караџовска, библиотекарски советник од Прилеп ја промовираше книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар – советник, вработена во библиотеката во Охрид.

На Прличевата визита имаа настап Михаил и Иван Мишеви кои ја изведоа Прличевата „1762 лето“.
Манифестацијата „Прличеви беседи“ библиотеката ја организира во соработка со Министерството за култура и Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top