На повидок нова Kорејска војна

Пјонгјанг исто така објави дека повеќе не се чувствува обврзан кон примирјето од 1953 година, со кое беше ставен крај на војната меѓу двете Кореи.

 |  Крсте Голабовски  | 
vojnici
војници

Пјонгјанг исто така објави дека повеќе не се чувствува обврзан кон примирјето од 1953 година, со кое беше ставен крај на војната меѓу двете Кореи.

– Секој непријателски акт против невоените бродови, вклучувајќи и пресретнување и конфискување, ќе биде сметан за грубо нарушување на нашиот суверенитет и ќе биде проследен со итен воен напад, предупреди портпаролот на севернокорејската армија.

Северна Кореја предупреди дека не ја гарантира безбедноста на бродовите кои ќе впловат во нејзиниот западен брег, се наведува во соопштението на севернокорејските воени власти. Пјонгјанг, јавуваат светските агенции, со тоа ја потврди својата позиција дека учеството на Сеул во Иницијативата ќе биде протолкувана како објава на војна.

SeulЈужна Кореја вчера како одговор на нуклеарната проба на Северна Кореја објави дека ќе се приклучи кон Иницијативата. Сеул првенствено ваква одлука донесе минатиот месец, откако на 5 април Северна Кореја истрела ракета со голем дострел. Јужна Кореја сепак го одложи формалното приклучување кон Иницијативата со надеж дека ќе ги обнови преговорите со нејзиниот северен сосед.

Јужна Кореја е 95-та држава, која се приклучува кон Иницијативата, која не е насочена кон ниту една конкретна држава.

Во меѓувреме јужнокорејските медиуми јавуваат дека Северна Кореја одново го ставила во употреба нуклеарниот комплекс во Јонгбјон, во кој се збогатува плутониум.

Тие се повикуваат на изјава на јужнокорејски владин претставник според кој, американските шпионски сателити регистрирале пареа од еден дел од комплексот што се наоѓа на 80 километри северно од Пјонгјанг.

Во Јонгбјон, од осумдесетите години на минатиот век работи единствениот нуклеарен рекатор во државата со моќност од пет мегавати. На 14 април Пјонгјанг предупреди дека ќе го рестартира комплексот во Јонгбјон во знак на протест поради меѓународните критики од истрелувањето ракета за која Западот тврди дека била балистичка, а Пјонгјанг дека бил лансиран сателит.

Јонгбјон беше ставен вон употреба лани по договор од шестстраните разговори во замена за финансиска и енергетска помош за Северна Кореја.

Истовремено, Џејмс Џоунс, советник на американскиот претседател за национална безбедност предупреди дека Северна Кореја може да продаде или да предаде свои нуклеарни технологии на други држави.

Јужнокорејски медиуми јавија дека Северна Кореја и денеска испукала два проектила со мал дострел.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top