Музикотерапија за децата со посебни потреби

Здружението на родители „Тајните  на моето срце“ за децатата со посебни потреби организира часови по музикотерапија. Оваа терапија се применува кај децата со посебни потреби, но и кај возрасните лица  со потешкотии во самоизразувањето. Во светот се применува подолго време, додека кај нас со  оваа примена за подобрување на комуникцијата се прават првите чекори. 

 |  Валентина Неловска  | 

Неколку дечиња од Здружението на родители „Тајните на моето срце“ со посебни потреби ќе псоетуваат часови по музикотерапија. Во здружението има 20 тина деца со пречки во развојот, Даунов синдром, комбинирани пречки и церебрална парализа, напоменува Валентина Павлоска Златанова , претседател на здружението. За музикотерапијата е задолжена Билјана Стојкоска, која сесрдно ќе го примени своето знаење за подобрување на комуникацијата кај овие деца, вели Павлоска Златанова , претседател на здружението .

Ние во разговор со Билјана, дознавме дека во Европските земји и на Запад , на гоелм с е приеменува та амуикотерапија и дејствува пзоитивно на децата со посебни потреби .Решивме и ние тоа да го примениме кај нас“, споделува Павлоска Златаноска.

Билјана Стојкоска има диплома на музикотерапевт, со завршени студии во Италија. Стојкоска раскажува за нејзиното искуство од работата со возрсни лица кои имале различни здравствени потешкотии. Со музикотерапијата може да им се помогне на децата и возрасните кои имаат потешкотии со себе споделувањето со надворешниот свет, вели Стојкоска.

„За време на студирањето стажирав и работев во установи кои згрижуваат лица со интелектулна попреченост. Имам лично искуство со работата со такви лица но и со невролошки заболувања. Подоцна сум работела и со лица заболени од Алцхајмер, деменција. Разговараме за возрасни лица , можност за работа со деца кои заслужуваат да бидат помогнати со овој нов облик на помош, напоменува Стојкоска.

Стојкоска ќе работи со овој вид терапија два дена во текот на неделата, секој понеделник и четврток, до 15 февруари во просториите на ОО ЦК. Од Здружението на родители Тајните на моето срце им се благодарни на ОО ЦК за отстапениот простор и апелираат до Локалната самоуправа да им обезбеди простории каде што ќе може да работат бидејќи започнале со работа пред 3 месеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top