Санација на пречистителната станица во Ложани ќе има идната година

Проектот е готов во соработка со Европските фондови. Заради географската конфигурација две посебни пречистителни станици ќе се градат во Трпејца и Љубаништа, а пак Радожда ќе се поврзува со цевковод до колекторскиот систем кај Ложани.

 |  Валентина Неловска  | 

Снимањето и санирањето на колекторскиот систем е во тек, а со овој Елаборат не е опфатена санацијата на пречистителната станица во Враништа. Тоа го открива директорот на новото државно ЈП Колектор.

За ова пречистителна станица има готов проект изработен од нашите инситуции вво осработка со Европските фондови и согласно рзговорот со МЖС и со Владата е во план во 2021 година целосно реконструкција на пречистетелната станица“, укажува Владимир Алексијоски, директорот на Државното ЈП колекторски систем.

Заради географската конфигурација две посебни пречистителни станици ќе се градат во Трпејца и Љубаништа, со што ќе се опфати и тој дел од езерто. Во струшкиот дел, пак кај Радожда ќе се поврзува со цевковод до колекторскиот систем во пречистителната станица кај Ложани. Потегот кај Св Наум и на островот веќе е решен, вели Алексијоски.

„Св Наум има своја пречистителна станица затоа што целиот комплекс е на Црквата и објектите треба да се приклучени на таа пречистителна станица. Ние не стопанисуваме со нив “, подвлекува Алексијоски.

Инаку , во моментов се работи првата фаза од санацијата на колекторскиот систем со кој треба да се прочистат 3 км должина на системот, 3 пречистичени станици и 20 пумпни станици. Со санацијата не е опфатен потегот од Пештани до Метропол бидејќи нема критички точки и е во добра кондиција. Работите на останатиот дел се очекува да завршат во месец мај, пред почетокто на туристичката сезона.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top