Српската заедница во Охрид го одбележа празникот Св. Сава

Заедно по 17 пат во српското друштво Коштана се собраа припадници од оваа етничка заедница со роднините и пријатеите да го одбелажат празникот. Велат се радуваат на заедничкиот собир, но немаат точен број колку Срби живеат во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Стојмир Барач е еден од припадниците на српската заедница во Охрид и член на друштвото Коштана. Барач раскажува дека во Охрид е преку 5 децении, тука завршил училиште, се вработил, се оженил, создал семејство. Денес, празникот Св. Сава го одбележаа заедно со своите роднини, соседи пријатели со богата трпеза и музика. Раскажаува како Србите живеат во Охрид.

„Српската заедница живее како сите граѓани во Охрид, ни добро ни лошо. Се снаоѓаме во ситуацијата такава како што е. Секој настојува да живее подобро и да му биде подобро. Тоа е исконски во човекот да се бори за подобро. Се надеваме дека ситуацијат во нашето опкружување ќе биде подобра“, напоменува Барач.

Членот на српското друштво Коштана, подвлекува дека по последниот попис пред 20 години во Охрд имало над 700 Срби.

„Сега не ја знаеме точната бројка. Некои се одселиле, некои починале и не ја занеме тоќчнат бројкана Срби во Охрид. Во Коштана некаде има меѓу 250 до 300 Срби, но треба да ја знаеме точната бројка“, додава Барач.

За одбележување на празникот Св. Сава се одржа литургија и се отпеа славска погача. Заедно со нашите пријатели Македонци и роднините  се радуваме на овој празник, подвлекува Стојмир Барач од СД Коштана од Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top