НУ НП Галичица нема повеќе да продава огревно дрво од сеча на шумата

Оваа одлука следи  по зголемениот приход од туристички активности кои драстично се зголемиле последните две години  споредени со 2017. Паркот, исто така,  доби и значајна финансиска поддршка од PONT, европски фонд за поддржување на националната установа во рамките на охридско-преспанскиот регион. 

 |  Валентина Неловска  | 

Националниот парк Галичица, конечно,  ја напушта доскорешната пракса на самофинансирање од продажба на огревно дрво од сеча на шума. Сега се свртуваат кон обезбедување на средства од туристички активности. Со тоа НП Галичица почна да го следи управувањето со природните ресури на национални паркови во западно европските земји, информира Андон Бојаџи од НП Галичица.

„Во 2020 нема да има огревно дрво за продажба. Сите кои во минатото се снабдуваа со огревно дрво од ЈУ НП Галичица ќе треба да се обратат во Македонски шуми, шумско стопанство Галичица“, укажува Бојаџи.

Во касата на НУ НП Галичица, во последните две години, почна да се слеваат приходи од реализирани туристички активности. Тоа им овозоможи на вработените да се свртат кон заштита на природата и мониторинг на сите природни вредности, како и поддршка активностите насочени кон поголеми туристички посети на паркот, напоменува Бојаџи.

Националниот парк, инкасирал околку 6 милиони денари од продадени влезници минатата година.

„Во моментов немаме развиено систем или поставено опрема која ќе даде точна бројка на посетители кои влегле во НП Галичица. Но, има податок за остварен приход по основ на наплатени влезници. Приходот по овој основ бил приближно ист во 2018 и 2019 година. Но, има значителна разлика со приходот од продадени влезници споредено со 2017 и 2018. Приходот е зголемен за 230 посто во  2018 година  “, вели Бојаџи.

Паркот, исто така, лани доби и 147.000 евра или половина од буџетот на установата, финансиска поддршка од PONT, европски фонд за поддржување на националната установа во рамките на охридско-преспанскиот регион, подвелува Бојаџи. Таква финасиска поддршка е планирана во следните 10 години. Во меѓувреме, паркот финансиски ќе зајакнува со подобрување на туристичките услови за рекреација на посeтителите и зголемување на приходите од туристичките активности.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top