Јавнатa хигиена секојдневно се нарушува од несовесни граѓани

По улиците и тротоарите се фрлаат разни видови ситен отпад почнувајќи од догорчиња цигари па се до хартиени паковки. Од ЈП Комуналец велат дека има потреба од секојдневно метење на улиците.

 |  Валентина Неловска  | 

Граѓани поединци сеуште се со ниска комунална свест. По улиците се фрлаат разни видови ситен отпад почнувајќи од догорчиња на цигари па се до хартиени паковки од чоколадо или пециво. Службите на комуналец се трудат да ја одржуваат хигиената на улиците и тротоарите и секојдневно метат големи количини на расфрлан ситен отпад, вели Љупчо Граданоски директор на ЈП Охридски Комуналец.

Улиците и тротоарите се метат од 5 часот наутро од единиците за јавна хигиена. Има потреба од чистење, има  секојдневна собирање  на поголеми  количини ситен отпад. Не можам да споредам како е со другите години, но мислам дека е иста количината на ситен отпад кој се расфрла по улиците“, укажува Грданоски. 

Свеста на граѓаните мора да е на повисоко ниво за да не се создава грда слика кај туристите за јавната хигиена во туристичкиот центар. Во таа насока и за претстојниот празник Водици , ЈП комуналец се организира како и секоја година да помине се во најдобар ред.

 

„Ќе ангажираме дополнителни екипи. Веднаш по настанот се почнува со метење на просторот и уредување со собирање на ситниот отпад. Ќе има возило кое ќе чека и веднаш ќе го дислоцира отпадот “, вели Грданоски.

Од ЈП комуналец напоменуваат дека нема потреба од поставување на дополнитени садови. Има доволно садови за ситен отпад, а и подземните контејнери се во близина на плоштадот.

Се понатака останува на свеста на граѓаните како и каде ќе го фрлат ситниот комунален отпад како што се на пример пластичните чашки за топлена ракија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top