• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дефект на возило за собирање отпад привремено ги затвори контејнерите за селектирање пластичен отпад

Дефект на возило за собирање отпад привремено ги затвори контејнерите за селектирање пластичен отпад

Од ЈП Комуналец се задолжени да го собираат, балираат и продаваат пластичниот отпад. Садовите се ознака на Пакомак, но оваа компанија го собира само стаклениот отпад од јавните површини и директно од угостителските објекти. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во празничните денови на неколку локации во градот на еколошки свесните граѓаните им беше скратена можноста да го одлагаат пластичниот отпад. Специјалните садови за одлагање на пластика беа преполни и запечатени со леплива трака. Тоа се должи на дефект кај возило за собирање отпад па дојде до привремено затворање на контејнерите за селектирање на отпадот, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски Комуналец.

„За празнење на садовите за селекција на отпадот е задолжено ЈП Охридски комуналец. Покрај подигање на пластичен отпад задолжено е и за хартија. Тоа се прави редовно во попладневните часови “, кажува Љупчо Грданоски.

Од ЈП Комуналец се задолжени да го собираат, балираат и продаваат пластичниот отпад иако носат ознаки на Пакомак. Таа компанија, пак е задолжена за да го собира само стаклениот отпад, вели Игор Макалоски од Пакомак за ТВМ Телевизија. Два пати месечно ги подигаме контејнерите поставени на јавен простор на неколку локации во Охрид.

Макалоски споделува дека охриѓани се на врвот од листата со еколошка свест во селектирање на стаклени предмети. После прилепчани се на второ место по одоговорност во селектирањето на стаклениот отпад.

Пакомак покрај овој начин на собирање на стаклениот отпад од јавните површини и директно ја собира стаклената амбалажа од угостителските објекти. И во тој дел имаме  одлична соработка со охриѓани, додека стружани не се флексибилни за соработка, појаснува Макалоски за состојбите во овој сегмент од еколошката свест кај граѓаните.
Пакомак нема законска можнсот за собирање на прозорски стакла туку затоа е овластена компанијата Акрон од Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top