Тој искажа сомнеж дека членови на неговото семејство имале последици како резултат на реваншизам врз него. Според него, причината е тоа што додека тој бил активен во службата поднесувал повеќе кривични пријави против високи функционери во секторот за внатрешни работи и МВР за различни видови злоупотреби.
„ Моето повикување на медиумите се однесува на моето незадоволство, односно, реваншизмот што го врши СВР Охрид према мене и мојата фамилија. Имено, денеска, преку Основното Јавно Обвинителство Охрид до Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесов кривична пријава против вработени лица во МВР, УБК и АНБ бидејќи наведените лицата се сторители на едно кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст 1 од Кривичниот Закон и едно кривично дело фалсификување на службена исправа по 361 ст. 1 и 2 од Кривичниот Закон.
Пријавените лица во текот на 2019 година, злоупотребувајќи ја својата службена положба со пречекорување на границите на службени овластувања како службени лица тенденциозно и со реваншизам изготвиле службена исправа безбедносна проверка за лицата Стевоски Павел и Петар од село Елшани во кои внесле невистините податоци дека се сторители на кривични дела и со свој потпис и печат извршиле заверка на исправата по што ја употребиле како вистинита пред Комисијата за прием на кандидати за полицајци по оглас на МВР од 2019 година“ , кажа на Стевче Стевоски на денешната прес конференција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град