Наскоро ќе се постави големата бова на пристаништето

 Под налетот на јужниот ветар кој дуваше деновиве се откина врзното јаже. Од наредната летна сезона металните бови ќе бидат заменети со пластични. 

 |  Валентина Неловска  | 

Големата метална пристанишна бова е откачена под налетот на јужниот ветер кој го зафати езерото во изминатите денови. Бовите имаат голема улога во водната пловидбена сигнализација, вели Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништа на Македонија.

Ќе ја вратиме деновиве бидејќи е потребна за регулирање на водниот особраќај на пристаништето. Имаме бродови и катамарани кои во убавите зимски денови испловуваат на отворено езеро, па ќе биде вратена на постојното место“, информира капетанот Горан Устијаноски.

Многу од наутичарите ја почитуваат, но има и такви кои сеуште не го менуваат менталитетот, посебно некои од сопствениците на глисери, дополнува Устијаноски.

„Улогата на бовата е во внатрешната пловидба да се ориентираат пловилата и да ја почитуваат брзината. Од брегот до поставената бова не смеат да управуваат со голема брзина и да не прават бранови. Од брегот при испловување до бовата мора да се плови со минимална брзина“, укажува Устијаноски.

Металните бови се трајни, но од невремето често може да се уништи врзниот материјал, вели Устијаноски. За да се олесни замената на металните бови од

Од Капетанија на Пристаништа на Македонија набавени се 50-тина пластични бови кои ќе бидат поставени на одредени точки во езерските води пред почетокот на следната летна сезона.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top