ФТУ на барање од општина Охрид работи на студија за ефектите од туризмот

Во охридското стопанство секторот туризам учествува со мал  процент во вкупниот број на  вработувања и остварени приходи. Ова се дел од економските  истржувања за поединечните стопански  гранки  направени од  Факулетот за туризам и угостителство пред 3 години. Општина Охрид, сега  нарача ново истражување од која се очекува економската слика за импактот на туризмот во локалното стопанството. 

 |  Валентина Неловска  | 

ФТУ на барање од општина Охрид работи на студија за ефектите од туризмот. Предмет на истражувања во новата анализа ќе биде економскиот импакт на туризмот во општина Охрид и врската меѓу сезоналноста и остварените приходи од вработувањата , трошоците од работењето и секторската меѓузависност, вели проф д-р Александар Трајков од ФТУ. Професорот напоменува дека новата студија произлегла како потреба од претходно направените истражувања од пред три години. Податоците покажале неповолна работна клима од деловно регистраните субјекти во охридското стопанство, напоменува проф. д-р Трајков

„Од сите регистрирани субјекти дури 50 проценти од вработените во секторот услуги и туризам покажале деловна неактивност која произлегува од сезоналноста и трошоците за работа кои се индикатори за неповолната клима која во иднина треба да се надмине. Недостигот од работна сила и малата мотивираност за работа во стопанскиот сектор, малите примања особено во туризмот придонесуваат да не се атрактивни за работење,“напоменува Проф.д-р Трајков.

Според податоците од ДЗС дури 90 проценти од вкупниот број на вработените во секторот туризам земаат помала плата од просечната национална плата, посочува професор Трајков. Анализите од студијата од 2016 година покажале дека во охридското стопанство секторот туризам учествува со мал процент во вкупниот број и на вработувања и остварени приходи во споредба со останатите стопански гранки како трговија на мало, преработувачката индустрија, транспортниот сектор и градежништвото.

„Објектите за сместување и храна по број на приходи се на 5 место во општина Охрид , а се на трето место по бројот на вработувања. Нивното учество е мало во однос на она што го очекувавме пред да ја направиме анализата. По бројот на приходи туризмот е со 6 проценти, а во однос на вработувањата 12 посто од вкупните вработувања во туризмот“, подвлекува професор Трајков.

Економската студија од која ќе се согледаат состојбите и импактот на туризмот во локалното стопанството треба да биде готова на почетокот од 2020 година. Заклучоците и препораките кои ќе бидат дадени од студијата се очекува да ја подобрат бизнис климата и условите за работа во локалното стопанство, напоменува Александар Трајков продекан на ФТУ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top