Засега само случајот со велешка Топилница е познат процес добиен во полза на јавноста. Од граѓанското здружение Флоразон кажувaaт дека таква анализа се работи и се очекува да биде објавена до крајот на оваа година.
Македонските граѓани живеат во нездрава еколошка средина. Јавноста е секојдневно бомбардирана со податоци за аерозагдувањето, загадувањето на водата и почвата. Евегенија Крстевска, адвокат и докторант од областа на правото на води при Филозофскиот факултет, тврди дека во земјава недостасуваат точни податоци колкав е бројот на претставки кои граѓаните и НВО ги покренале против загадувачите на животната средина до надлежните институции и Јавното обвинителство. Нема податоци ни за кои сторители е досега покрената постапка на гонење, вели Крстевска.
„Самите институции се соочуваат со проблеми како што се недостаток од човечки и финансиски капацитети и експерти да ги достават потребните информации за граѓаните за да можат да ги искористат истите пред судовите во заштита на своите права“, вели Крстевска.
Во јавноста засега се познати само неколку случаи против кои НВО го кренале својот еколошки глас. Епилог во полза на граѓаните има само за случајот со велешка Топилница, информира Кирил Ристоски од ЗГ Флоразон, Центар за еколошка демократија. Тоа не е доволно, но не постои официјален податок во земјава колкав е бројот на судски предмети кои се водат во земјава против загадувачи на животната средина, напоменува Ристоски. Не може лесно да се дојде до вистинските податоци. Особено кога станува збор за судски случаи кои не се јасно категоризирани во правосудниот систем“, укажува Ристоски.
„Основен проблем е утврдување на причинско-последичните врски во судските парници кога станува збор за потврда на деградација на животната средина. Трошоците за вештачење може да достигнат високи суми ако има заболување во одредена средина за кое се претпоставува дека некој е предизвикувач. На ниво на проект ние дадовме политички предлог државата да субвенционира дел од трошоците за вештачење за да излезе во пресрет на заштита на јавноста“, напоменува Ристоски од ЗГ „ Флоразон“.
Од граѓанското здружение Флоразон кажуваат дека сеопфaтна анализа се работи. Се очекува да биде објавена до крајот на оваа година. Истражувањата се засновани на квалитативни и квантативни анализи на податоци добиени од сите институциите, споделува Кирил Ристоски претседателот на ЗГ „Флоразон“, Центар за еколошка демократија од Скопје.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град