Во завршна фаза е изградбата на училишната спортска сала во ЕМУЦ Св Наум Охридски

 За ден два се очекува  приклучување на градската комунална  инфраструктура па ќе следува техничкиот прием на објектот. Градежните зафати ќе продолжат со замена на вратите и прозорите  во училишната зграда. 

 |  Валентина Неловска  | 

Електро машинскиот училишен центар Св. Наум Охридски ќе добие современа спортска сала. Во внатрешноста се местат спортските реквизити. Од идната недела се очекува да се направи технички прием на објектот по завршување на приклучоците на градската комунална инфраструктура, информира Сашо Недески, директор на ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Салата е со површина од 650 метри квадратни со што ученициите добиваат одлични услови за изведување на наставата по спорт.

„Не само за учениците туку и за околината ќе може да ја користат сите од градот за рекреативни спортски цели по завршување на часовите. Значењето и придобивките на салата е огромно. Условите претходно беа минимални, скоро никакви.Настава се изведуваше во стара спортска сала од минатото, со минимални услови и со мал капацитет. Сега оваа спортска сла ќе може да прими и два класа каде што ќе може да изведуваат спортски активности и настава“, вели Недески.

Средствата за изградба на салата се од проектот на МОН за изградба на 145 училишни спортски сали во земјата, а исто така се одобрени и средства за реновирање на училишната зграда. Ресорното министерство за 2020 година  има издвоено средства и за обновување на фасадата на зградата, посочува Недески,  за продолжување на работите по веќе завршените градежни изведувања врз надворешеноста на зградата.

„ Комплет е заменет азбестниот кров на зградата. Од четврток почнува и промената на дограмата. Целосно ќе се замени се што е дрвено, влезни врати и прозори, мерките се веќе замени“, информира Недески.

Инаку , овој средношколски центар работи на воспоставување на соработки со техничките училишта од земјава и од странство. Деновиве, ментори од школото ќе патуваат во Романија, каде што ќе учествуваат на подготвителен состанок на кој се утврдуваат практични и теоретски делови за  8 -от Меѓународен натпревар во Томис , техничко училиште во Констанца, кое ќе се одржи во мај идната година. Таму, Емуц ќе се натпреварува со двајца ученици. Минатата година на овој натпревар на кој домаќин беше Охрид , учениците од Емуц Св. Наум Охридски го освоија 3 место во конкурениција од 7 земји.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top