• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Тротоарот на Булевар Туристичка со пресекот на улица Стив Наумов наскоро ќе добие слој асфалт

Тротоарот на Булевар Туристичка со пресекот на улица Стив Наумов наскоро ќе добие слој асфалт

Станува збор за 50- тина  метри неасфалтиран дел од улицата за пешаци во населбата Лескајца.  Жителите честопати се принудени тој дел од улицата да го минуваат на самиот коловоз од  Туристичка. 

 |  Валентина Неловска  | 

Слој асфалт наскоро ќе биде поставен на тротоарот на Булевар Туристичка во населбата Лескајца, ветуваат од Фондот за комунален развој. Овој дел од улицата за пешаците е проблематичен подолг период. Оние кои секојдневно минуваат на Булевар Туристичка на пресекот на улица Стив Наумов неасфалтираниот дел од тротоарот во должина од околу 50-тина метри го оневозможува нормалното движење по зоната предвидена за пешаци. Родителите посебено стравуваат за безбедноста на учениците кои посетуваат настава во основното училиште Братство Единство. Тие честопати се принудени тој дел од улицата да го поминуваат на самиот коловоз од Туристичка. Со програмата на Фондот за 2019 година е планирано да се асфлатира и овој потег, информира Томе Џамтоски портпарол на Општина Охрид. Џамтоски дoдaва дека се завршени сите тендерски постапки и на  Булевар Туристичка, делот кој остана неасфалтиран, ќе се асфлтира деновиве. Во тек се активности за асфалтирање на улици на повеќе локации во градот.

Од локалната не ги откриваат причините зошто овај мал дел од тротоарот бил оставен неасфалтиран при зафатите за целосна реконструкција на Туристичка.

Инаку, според програмата за работа на Фондот за комунален развој за ова година се асфалтираат или ќе добијат асфалт повеќе улици во населбите Видобишта и Радојца Новичиќ, како и во селските населби Лескоец, Велгошти, Пештани и Елешец .

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top