Се зголемува бројот на ново регистрирани фирми во земјава

Ова е знак дека се зголемува бизнис климата во земјава, напоменува директорот на Републичкиот Централен регистер на денешниот отворен ден за средба со граѓаните.  Според нивната статистика  досега во Охрид се регистрирале над 430 субјекти, а се избришани 164 од различни причини за престанок со работа. 

 |  Валентина Неловска  | 

Расте бројот на новорегистрирани бизниси на средни и мали претпријатија во државава. Од Републичкиот Централен регистер се задоволни како се користат во пракса услугите од нивниот нов проект Е- регистрација и Е- поднесување на пријави за отворање на сопствен бизнис, напоменува директорот на ЦР Марија Бошковска Јанковски.

„Во 2018 се регистрирани 4500 нови субјекти. Тоа е доволен знак дека е подобрена бизнис климата во државата за разлика од изминатите години каде што била помала бројката од тие 4500 субјекти. Според нашите мерења бројот е зголемен за најмалку 1000 нови субјекти“, напоменува Бошковска Јанковски.

Отворениот ден за средба со граѓаните се користи со цел да се упатуваат забелешки и сугестии како да се надминат одредени административни препреки за малите и средните бизниси во државата, напоменува  Бошковска Јанковски. Интересот е од областа на регистрација на годишните сметки, трговскиот регистер, регистрацијата на правните лица и други прашања поврзани со залог и лизинг, напоменува Бошковска Јанковски.

„ Најчесто поставувани прашања се како да се извршат уписни промени , како да се користи нивиот проект, техничка помош Е поднеси сам, каде физичките лица кои поседуваат токен може сами  да се регистрираат како правен субјект во Централниот регистер за нула денари без ангажирање на регистрациони агенти, адвокат или сметководител “, кажува Бошковска Јанковски.

Од Централниот регистер се задоволни од бројот на граѓаните кои го користат новиот проект „Е поднеси сам“. Според нивната статистика досега во Охрид се регистрирани над 430 субејкти, а се избришани 164 од различни причини за престанок со работа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top