Охриѓани со нетрпение го очекуваат завршувањето на затворениот пливачки базен

Деновиве, јавноста  загрижено се прашува дали можеби на СРЦ Билјанини извори се гради некоја зграда на место  пливачки базен. Од Агенцијата за млади и спорт кои се инвеститори на изградбата на базенот  смируваат  се поставуваат тринините со околу 500 седишта.

 |  Валентина Неловска  | 

Градбата на ватерполо базенот кој почна да се гради во Охрид пред 4 години добива контури кои ја загрижуваат јавноста. Се почесто охриѓани се прашуваат каков објект се гради на СРЦ Билјанини извори, станбен, деловен или затворен пливачки базен. Охриѓани со нетрпение очекуваат градот да го добие затворениот базенот со димензии 37 метри на 25 метри. Од Агенцијата за млади и спорт кои се инвеститори на изградбата на базенот во вредност од околу 5 милиони евра, смируваат дека течат градежни работи на затворениот базен и во моментов се поставуваат од армиран бетон монтажни елементи за трибините за публиката со околу 500 седишта.

Завршени се од армиран бетон стобовите, ѕидовите и скалите со кота 6,6 метри плус кота на висината од 9,9 метри, информира за тековните активности на градбата,Тане Димоски портпарол на Агенцијата. Базенот, првично требаше да биде завршен во април 2018 година, но со анекс договор помеѓу инвеститорот и изведувачот, а на барање на изведувачот, изградбата на објектот е пролонгирана и објектот треба да биде готов до јуни 2010 година.

Инаку, покрај ватерополо базенот во објектот ќе има и помал базен. Планирани се и други содржини како што се простории за канцеларии за персоналот и тренерите, угостителски објект, соблекувални, туш кабини, продавница за спортска опрема, игротека и други содржини според светските стандарди, информираат од Агенцијата за млади и спорт.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top