• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Стоп за насилството врз здравствените работници, порачаа на мирен протест лекарите од земјава

Стоп за насилството врз здравствените работници, порачаа на мирен протест лекарите од земјава

Државата да пронајде системско решение за да запрат физичките и вербалните навреди врз лекарите. На своите колеги од земјава кон  барањата да се врати нормалниот однос лекар  пациент  им се приклучија лекарите од Струга  и Охрид.    

 |  Валентина Неловска  | 

Под мотото стоп за насилството врз здравствените работници се одржа мирен простест во Скопје, органзиран од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти. Бараат од државата системско решение за да запрат нападите врз медицинскиот кадар, полициско обезбедување во ургентните центри и големите болници, но и внатрешна контрола за вработените во медицинските установи бидејќи признаваат дека има проблеми и во нивните редови. На протестите во Скопје беше присутен и министерот за здравство Венко Филипче.
Поддршка на колегите од Скопје дадоа докторите од струшката Општа болница. Тие за време на паузата излегоа во кругот на болницата.

„ Во последно време се гледа дека белите мантили се , на некој начин, на удар. Кај нас физички напади не сме имале, меѓутоа вербални конфликти има скоро секој ден. Најверојатно тие очекуваат одма да им се помогне но верувајте толку работа имамение така што, не знам ни како да го објаснам тоа. Не е дозволиво ова што го имаме денес како физички напади. Згрозени сме од тоа и затоа сме излезени во знак на поддршка“, вели хирургот д-р Владо Кочоски.

„ Условите се многу тешки . Освен што имаме голем обем на работа, а работиме во тешки и лоши услови. Покрај тоа ние треба уште и да работиме под притисок од пациенти “, додава радиологот д-р Едмонд Вејсели.

Охридските лекари, пак не излегоа на протест, но Здружението на лекари на Охрид и Здружението на приватни лекари ја поддружуваат пораката на своите колеги за стоп на насилството врз докторите и медицинскиот персонал. Претседателот на Здруженито на лекари од Охрид , д-р Лилјана Котлар вели, дека секојдневно доживуваат вербални и физички напади од пациенти. Ваквата појава во последно време зема се поголем замав, не се чувствуваме безбедни, посочува д-р Котлар. Со таквото однесување се пореметува секојдневната работа при што се трудиме да бидеме хумани и да спасуваме човечки животи, напоменува д-р Котлар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top