Синдикатите од ниту едно школо не донесле одлука за штрајкување на 2 септември според најавите од СОНК. Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, пак кажа дека в недела официјално ќе се произнесат дали в понеделник ќе има предупредувачки штрајк.
Вработените во образовната дејност во охридските основни и средни школи нема да штрајкуваат. Ниеден Синдикат за образование, наука и култура во општинските училишта не поднесол изјава до дирекотрите за најава на предупредувачки штрајк на првиот ден на новата учебна година. Поголем број директори од основните и средни училишта кои ТВМ Телевизија успеа да ги контактира информираат дека нивните образовни установи се подготвени без пречки да стартува првиот училишен ден, посебно важен за првачињата кои треба за прв пат да седнат во училишните клупи.
Претседателот на СОНК за Охрид не беше достапен за коментар што се случува со СОНК на ниво на општината. Претседателот на СОНК, пак Јаким Неделковски, најви дека в недела официјално ќе се произнесат дали в понеделник ќе има предупредувачки штрајк во школите. Инаку, СОНК одлучи да има предупредувачки штрајк на вработени во образовната дејност бидејќи наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од 5 отсто. Неделковски кажа дека синдикатот ѝ дава рок на Владата до 1 септември за преговори и за реално зголемување на платите на сите вработени во образовната дејност од 25 посто.
Според Неделкоски, доколку Синдикатот не се договори со Владата, на 2 септември ќе има предупредувачки штрајк, а септември ќе го определат за преговори со Владата.
Доколку нема договор и во септември, најавува генерален штрајк. Ние сме репрезентативен синдикат со околу 30.000 члена, вели Неделковски.
Министерот за образование Арбер Адеми, апелира наставниците да се подготват за настава и учениците на 2 септември да одат на училиште. Тој појасни дека во споредба со лани, платите на наставниците се покачени за 10 отсто.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град