Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите, обвини на денешната прес конференција Сашо Донев претседател на ОК Вмро Дпмне.
Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите, обвини на денешната прес конференција Сашо Донев, претседател на ОК Вмро Дпмне. Тој обвини дека Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажале со ребалансот и драстичното кратења на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски.
„ Од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители. Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување?“, праша Донев од партиската говорница на ОК Вмро Дпмне.
Санитарните јазли во училиштата се во очајна состојба, а просторните услови се влошуваат, рече Донев.
„ Моравте да скратите и од најмладите во образованието и детската заштита? Додека превозните услуги се зголемија за цели два милиони денари во основно образование, од предвидените капитални расходи во основно образование се скратија неверојатни седум милиони денари, а во средно образование дури три милиони денари, кажа Донев.
Локалната власт и градоначалникот Георгиески ги ставаат бизнис интересите над грижата за најмладите, обвини Сашо Донев , претседател на ОК Вмро Дпмне на денешната прес конференција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град