Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 22 часот, а освен него, како вокал и клавирист, ќе настапат Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас, Костас Анастасиадис на тапани, како и Наташа Петровиќ, вокал и нарација.
Македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк, Дуке Бојаџиев вечер со свој концерт пред фестивалската публика на годинешното „Охридско лето. Низ неговата интернационална кариера, Дуке има работено со добитниците на Оскар, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов.
„Овој пат свирам со мојата стара постава со која настапувам овие години , Исмаил Лумановски на кларинет, тој доаѓа од Њу Јорк, Мартин Ѓаконовски Шпато од Келн и Костас Анастасијадис е од Солун. Тие ми се стар тим со кои работиме концерти веќе неколку години и овој пат ќе има доста нови нумери . Нормално ќе има и од старите кои не може а да не се отсвират. Така што ќе биде ново издание, некое посвежо. Ја имам Наташа Петровиќ повторно за нарација на поезија и имам некои специјални гости кои нема да ги откривам, ќе ги најавам во последен момент на концертот“ Дуке Бојаџиев – Музичар.
Неговата музика е користена за светски кампањи на брендови како: „Пежо“, „Ланком“ и „Лореал“, разни светски компилации како Буда Бар и Маракеш Експрес. Има работено со артисти како Синди Лопер и „Телепоп Мјузик“, а има настапувано во светски концертни сали меѓу кои: „Карнеги Хол“ во Њујорк, „Авалон театар“ во Лос Анџелес и на Античкиот театар во Охрид. Но за бојаџиев, враќањето во Охрид а посебно настапот пред фестивалската публика на „Охридско лето“ е она на што најмногу му се редува.
„Секогаш најголема возбуда ми е настапувањето во Охрид затоа што се чувствувам поврзан со езерото , имам некоја енергетска поврзаност со градов и со луѓето, имам многу пријатели тука во Охрид. Тоа се пријателства од детството што ги негувам до денес. Така да ми е убајна“ кажа Дуке Бојаџиев – Музичар.
Инаку Дуке Бојаџиев има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон. Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 22 часот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град