Од први до четврти август на просторот на поранешната охридска касарна. Годинава според продажбата на билетите како и интересот и најавите се очекува да бидат присутни само за „Охрид Колинг“ рекордни 50.000 посетители за сите четири фестивалски дена, од кои околу 5000 странски посетители дневно.
Течат последните подготовки за најголемиот музички настан ова лето во Македонија, „Охрид колинг“, четири фестивалски вечери музика и забава со учество на 24 интернационални диџеи, меѓу кои и суперстар-диџеите Стив Ајоки, Фед ле Гранд, Нерво, Робин Шулц, Кунгс, Санери Џејмс и Рајан Марчијано, Вини Вики.
„Годинава сме на нова локација која е многу подобра од претходната и баш е фестивалска за овој настан. Подготовките течат во најдобар ред ќе имаме спектакуларна бина, многу светлосни ефекти, пиротехника и работиме со истата проверена екипа сите години наназад, „Sky Music“ од Белград. НАстапите ќе бидат пропратени со одличен звук и горди сме што фестивалот се смести на фестивалската мапа“ вели Ивана Нолчева – P.R. „Авалон Продукција“.
Организаторите додаваат дека низ годините фестивалот „Охрид Колинг“ предизвикува навистина масовно внимание кај публиката не само од земјава, од регионов туку и од целиот свет. Годинава според продажбата на билетите како и интересот и најавите се очекува да бидат присутни само за „Охрид Колинг“ рекордни 50.000 посетители за сите четири фестивалски дена, од кои околу 5000 странски посетители дневно.
„Посебвно мене ми е драго што сум дел од фестивалот уште од првото издание, низ годините наназад „Охрид Колинг“ е е еден од најперспективните и најголеми фестивали не само во македонија и на Балканот туку и во Европа. И ако го погледнете годинешниот lineup и го споредите со листата светски уметници на најголемиот фестивал „Tommorowland“ ќе видите дека ги има истите уметници што настапуваат на „Охрид Колинг““ вели DJ Галовски.
Галовски, кој моментално е еден од нашите најперспективни диџеи вели дека за него е посебна чест што може да настапи заедно со имиња Стив Ајоки, Фед ле Гранд, Нерво, Робин Шулц, Кунгс, Санери Џејмс и други. Се надева на одлично издание на фестивалот во година која многумина ја нарекуваат историска кога е во прашање електронската музика.
„Се надевам дека годинава ќе растуриме на „Охрид колинг и се надевам дека сите четири вечери ќе бидат одлични како што очекуваме, и со ваков lineup може да ни позавидат сите балкански земји и сите европски, и голема е честа да се настапува еден волкав фестивал и на толкава сцена.Не само што е најголем, во Македонија туку и на Балканот, и многу ни е каиф што чќе се најдеме рамо до рамо со вака големи имиња и се надевам дека ќе си поминеме суепр и дека сите ќе бидат задоволни“ велат браќата „Cyrillic“.
Годинешното издание на „Охрид колинг“ ќе се одржи во поранешната охридска касарна, оддалечен 15 минути пеш од центарот на градот, а три минути пеш од новата автобуска станица“. „Охрид колинг 2019“ ќе се одржува од 1 до 4 август, а поединечните и блок-влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Авалон“ низ земјава, како и онлајн на avalon.mk.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град