97 милијарди долари за војната во Ирак и Авганистан

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска прифати предлог закон за финансирање на војните во Ирак и Авганистан, вреден 97 милијарди долари.

 |   | 
Capitol Hill
Капитол Хил

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска прифати предлог закон за финансирање на војните во Ирак и Авганистан, вреден 97 милијарди долари.

сенатЗаконот е прифатен со 368 гласа „за“ и 60 „против“. Законот не го прифатија 51 демократи, кои гласаа против предлогот на администрацијата на претседателот Барак Обама, а наспроти тоа го поддржаа сите републиканци.

Тие го поддржаа законот и покрај тоа што демократите додадоа дополнителни 12 милијарди долари расход на првичниот предлог на Обама, што предвидуваше 85 милијарди долари за финансирање на војните.

Со прифаќањето на законот, вкупните издвојувања, што Конгресот до сега ги одобри за војните во Ирак и Авганистан, ја преминуваат сумата од 900 милијарди долари.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top